Координати: 35.8997, 14.5145
| ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: | ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: |
|---|---|
| - Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје | - Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање) |
| - Аеродромски такси | - Посета на Попај село 50 евра (трансфер и влезница) |
| - Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром | - Излет по Малта (Ta Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) 65 евра (трансфер, локален водич) |
| - Сместување во Малта на база 3 ноќевања со појадок во Privilege Suit Sliema или сличен | - Посета на Гозо 75 евра (трансфер, брод, локален водич) |
| - Заедничка вечерна прошетка низ Слиeма | - ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 170 евра |
| - Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан | - Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција) |
| - Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см) | - Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз |
| - Организација на аранжманот и придружник на патување | - Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд |
Напомена:
Доплата за еднокреветна соба 5.500 мкд
Деца до 1.99 год плаќаат 50 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ
Организатор на патувањето е туристичката агенција Хавана Травел од Скопје со лиценца А (Министерство за Култура и Туризам)
23.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување во 20:50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 221:35 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
24.10.2026 (сабота) СКОПЈЕ – МАЛТА
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет со посета на средновековниот град Мдина и фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’ Qali. Продолжување кон Сината Пештера – Blue Grotto. Доколку дозволуваат временските услови, можност за пловење со бродче низ пештерите, со доплата од околу 10 €. Разглед на Валета: градската порта, главната улица, плоштадот на Републиката и градините Barracca, со панорамски поглед кон Големиот Залив и Трите Града. Можност за посета на Катедралата Св. Јован со доплата од 15 €.
Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Ст. Џулиан, познат по бројните ресторани, барови и ноќниот живот. Ноќевање.
25.10.2026 (недела) СКОПЈЕ – МАЛТА ГОЗО
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо.
Посета на Dwejra Bay и Внатрешното Море, со можност за пловење со бродче доколку дозволуваат временските услови, со доплата од околу 5 €.
Панорамски разглед на Викторија, посета на Старата Цитадела и селото Фонтана каде што ќе имате можност за дегустација на производи од локално производство. Слободно време за ручек во заливот Xlendi.Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Слима, позната по шопингот, рестораните, кафулињата и шеталиштето покрај морето. Ноќевање.
26.10.2026 (понеделник) СКОПЈЕ – МАЛТА ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот, куферите ги оставаме во хотел.Се упатуваме на факултативна посета на селото на Попај (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village) кое е наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Потоа следува посета на рибарското градче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот.. На крај имаме слободно време во главниот град на Малта, Валета. Организиран трансфер до аеродром 17:30 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот. Слетување во 22:05 часот.