Почитувани клиенти, драги пријатели....
Првите записи за вашата и наша заедничка омилена патувачка приказна наречена Игуана датираат од 1991 година. Во неа, на почетните страници, личен потпис и белег остава г. Мирослав Чонев, кој по своето искуство од 1976 г. со Генералтурист – Загреб и Компас – Љубљана, почнува да ги забележува своите патописи низ лично искуство, воден од идејата за освојување и создавање на многу нови дестинации и безброј пријателства.
Новото поглавје со наслов „Ние не сме тим, ние сме семејство“, продолжуваат да го запишуваат неговите синови од летото 1998 г, трудејќи се да ги задоволат потребите на своите долгогодишни клиенти-пријатели, како и високите стандарди и критериуми втемелени во Игуана, од страна на Миро Гркот.
Во очекување на третата и најкреативна генерација раскажувачи од семејното стебло, и во надеж за многу нови спомени, емоции и сеќавања, продолжуваме и понатаму да ја градиме повеќе од тридецениската традиција за Игуана.
Додека има читачи, ќе продолжиме да пишуваме најубави сказни, за нас, за вас...
Ваши,
Игуанци

