Координати: 42.29110435237035, 18.84036162174068
1. Ден 30.12.2026 Поаѓање во 23:00 часот од Бензинска пумпа Окта - Автокоманда. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2. Ден 31.12.2026 Пристигнување во Будва во утринските часови. Слободен ден за прошетка низ Будванската ривијера, пропратени со разни звуци во стариот дел од градот, можност за шопинг во многубројните дуќани во Будва (индивидуално). Сместување во апартмани. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (индивидуално) – дочек со популарната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Ноќевање.
3. Ден 01.01.2027 Заминување за факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел од Дубровник, можност за уживање на прекрасната панорама во Старата Тврдина на Дубровник. Враќање кон Будва. Забава на плоштад (индивидуално)-во Будва. Забава во БАР (факултатива) –со познатата звезда ДИНО МЕРЛИН. Забава во ТИВАТ (факултатива) –со познатата звезда Јаков Јозиновиќ. Ноќевање.
4. Ден 02.01.2027 Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Потоа се упатуваме до градот Тиват и Порто Монтенегро. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 109 €
Редовна цена: 129 €
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 2 ноќевања во апартмани во Будва
- Организација и водство на патувањето
- Пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
- Дубровник – 45 €,
- Котор и Тиват, Порто Монтенегро – 25 €
-Факултатива за 01.01.2027 Бар, забава со Дино Мерлин=15 €
-Факултатива за 01.01.2027 ТИВАТ, забава со Јаков Јозиновиќ=10 €
- Здравствено-патничко осигурување
- Туристичка такса 2 евра по лице на ден