Координати: 44.814251357998025, 20.447173436662304
БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА 2027
1 Ден 30.12.2026 Состанок на групата во 22:45 часот кај бензинска пумта Окта - Автокоманда и поаѓање за Белград. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.
2 Ден 31.12.2026 Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка во центарот на Белград, по пешачката улица Кнез Михајлова или факултативна вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
3 Ден 01.01.2027 Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад – разгледување со локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград Ноќевање.
4 Ден 02.01.2027 Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и слободно време на “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Слободно време за ручек. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 159 евра
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Белград со локален водич
– организација и водство на аранжманот
Во цената не е вклучено:
– здравствено патничко-осигурување
– целодневен излет до Нови Сад –25 евра
– влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици.
Факултативни излети
Посета на Нови Сад: 25 евра
Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина.
НАПОМЕНИ:
– Доплата за еднокреветна 50 € од цената на аранжманот;
– Дете 2-11,99 год. во придружба на 2 возрасни плаќа 70 % од сумата.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.