Златибор

(Со посета на Сирогојно, Ел Пасо, Дрвенград,Врњачка Бања)

 Автобус 4 дена / 3 ноќевања

Прв ден: 30.12.2021 (четврток) Тргнување на групата во 21:00 часот од Кавадарци, 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 31.12.2021 (петок) Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери по кои Сирогојно е познато во светот. Во пладневните часови сместување во Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за одмор. Подготовка за дочек на Нова Година и можност за индивидуална прошетка низ центарот на Златибор. Вечера. Дочек на Нова Година на Кралскиот плоштад во Златибор или по сопствен избор во некој од многуте ресторани или кафе-барови. Ноќевање.

Трет ден: 01.01.2022 (сабота) Појадок. Време за одмор и индивидуални активности. Околу пладне факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и познатата златиборска пршута и кајмак. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2022 (недела) Појадок. Посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад … Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото. Враќање во Златибор и слободно време за индивидуална прошетка и шопинг низ градот. Вечера. Ноќевање.

Петти ден: 03.01.2022 (понеделник) Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Промо цена за резервација до 20.11.2021: 11.350 ден.
Редовна цена на аранжманот од 22.11.2021: 12.350 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобусот по протокол)
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Туристичко рекреативен комплекс Златибор во центарот на Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai)
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо со локален туристички водич
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во каубојскиот град Ел Пасо – 300 динари ( околу 150 денари)
  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локачен водич – 10 евра
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса 186 денари по лице за 3 ноќи (се плаќа во агенција)

Услови за деца:

  • Деца до 2 години бесплатно (не користи седиште во автобус во случај на организиран превоз)
  • Деца од 2–7 години бесплатно за аранжман со сопствен превоз, доплата 2.790 денари за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус)
  • Деца од 7-12 плаќаат 50% од цената на аранжманот

Напомени:

  • За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници
  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 1.350 денари
  • За еднокреветна соба се доплаќа 3.890 денари

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130