Куќа „Сариќ“

Шушањ е туристичка  населба во општина Бар.  Во текот на летните месеци, градот е полн со туристи, тој е оддалечен само километар од Бар … Опкружен е со зачувана борова шума, која е вистинско освежување во топлите летни месеци. Благодарение на неа, Шушањ има уникатна микроклима, што го прави секое време од денот идеално време за релаксација. Медитеранската клима, морскиот воздух и боровите шуми се погодни за лекување на ревматски и респираторни заболувања.

Плажата е чиста, уредна и многу убаво организирана, а последниве години е многу популарна кај туристите, поради својата природна сенка. Има кафулиња, барови, ресторани, па можете да уживате во омилениот пијалок или оброк без да ја напуштите оваа популарна плажа. Интересно е што Шушањ е поврзан со Бар со прекрасно уредено шеталиште, па доколку сакате да се смените, можете многу брзо да стигнете до Бар и да го поминете денот на некоја од неговите плажи. Исто така,  од плажата на Шушањ има бродчиња кои често тргнуваат за Сутоморе, Петровац, Будва, Свети Стефан и многу други места, па на вас останува да изберете кој дел од црногорското крајбрежје ќе го посетите.

Куќа Сариќ се наоѓа во центарот на Шушањ (Бар)  на 200 метри од најблиската плажа.  Куќата  располага  со студиа и едноспални  апартмани (одделна кујна со дневна и спална). Сите сместувачки единици имаат опремени кујни, клима уред (користењето вклучено во цената) , балкон и приватна бања со када или туш.
За хигиенатана собите се грижи собарка на 3 дена.  Додека гостите можат да ги користат лежалките, џакузито и скарата кои се наоѓаат на  кровот на куќата во меѓусебен договор.

Цени за сместување во трикреветен апартман

Наем за 7 ноќевања2 возрасни и дете до 5,99г2 возрасни и дете до 9,99г3 возрасни
18.6 – 2.7199229289
2.7 – 16.7219249309
16.7 – 13.8239269329
13.8 – 27.8219249309

Цени за сместување во четирикреветен апартман

Наем за 7 ноќевања3 возрасни и дете до 5,99г3 возрасни и дете до 9,99г4 возрасни
18.6 – 2.7289339379
2.7 – 16.7309359399
16.7 – 13.8329379419
13.8 – 27.8309359399

Цени за сместување во петкреветен апартман

Наем за 7 ноќевања4 возрасни и дете до 5,99г4 возрасни и дете до 9,99г5 возрасни
18.6 – 2.7399419439
2.7 – 16.7419439459
16.7 – 13.8439459479
13.8 – 27.8419439459

Доплата за автобуски превоз:

  • Куманово-Скопје  – Возрасни 45 евра, деца до 11,99 години 35 евра
  • Прилеп – Битола – Охрид – Струга – Возрасни 50 евра, деца до 11,99 години 40 евра

Напомени и услови:

  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Игуана Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Игуана Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Грчки острови

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130