Известување

Почитувани клиенти и драги пријатели. Конечно, по навистина долг и тежок период, од Грција пристигнуваат оптимистички, ветувачки информации.Имено, по официјализирање на одлуката од страна на надлежните институции, границата со нашите соседи, за туристички патувања ќе биде отворена на 14 мај.Ние сме веќе одамна подготвени за старт на оваа летна сезона, 2021 година. Оттаму, ги повикуваме и ги замолуваме пред се сите наши клиенти – пријатели кои имаат извршени уплати и направени резервации за минатото лето, а за кои добија ваучери да ги потврдат т.е. да ги реализираат истите навремено и во заеднички договор со нас.Условите за влез во Р Грција во овој момент се со доказ за вакцинација, со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, а во тек се и преговори за брзи – рапид тестови што дополнително би го олеснило патувањето.Со цел да не се пропуштат термините и да се искористат ваучерите, уште еднаш замолуваме да ги договориме истите.Нашето работно време е од 10 до 17 часот а за сите дополнителни промени ќе бидете навремено информирани.Ве очекуваме.Со почит,
Тимот на Игуана
 
Низ годините, нас Игуанци нѐ води идејата и мотото „Секој наш клиент е и наш пријател“. Оттаму пристапот кон вас е пријателски и опуштен, но односот секогаш е стручен, чесен, посветен!
 
Зад нас се десетици илјади задоволни корисници, стотици илјади изминати километри, многу дестинации, но пред сѐ и над сѐ, многу емоции, сеќавања, спомени…
Главни активности се:
Летувања
Зимувања
Празнични патувања
Екскурзии
„Игуана“ е членка и една од агенциите основачи на Стопанска комора за туризам на Македонија (СКТМ).