Истанбул

 

Автобус 4 дена / 2 ноќевања

(Петок) 8ми Октомври     СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок  на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 часот. Тргнување за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција– граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.

(Сабота) 9ти Октомври    ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија, Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Посета на Вселенската патријаршија. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот.Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото Cна водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

(Недела) 10ти Октомври  ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ И ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ                   

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,HeybeliadaBurgazada…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно средство за превоз се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Во вечерните часови посета на WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL, најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г. Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани.Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина, ZIP Line атракција… Враќање во хотел.,, Ноќевање.

(Понеделник) 11ти Октомври  ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители…Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни… Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, IKEA, DECHATLON, (Koçtaş-познат бренд за домаќинство) Tргнување за Скопје во попладневните часови. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .

 

За рана уплата до 19.09 Цена на аранжманот: 4.900 денари (79 евра)

РЕДОВНА ЦЕНА : 5.520 денари (89 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во хотел со 3***  на база 2 ноќевања со појадок
  • Посета на Аја Софија
  • Посета на Сина Џамија
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Панорамски разглед на Истанбул 10 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра
  • Посета на Долма Бахче Сарај  (водич, влезница) 30 евра
  • Принцески острови 15 евра
  • Влезници во локалитетите  Топ Капи 30 евра
  • WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL 10 евра
  • Доплата за 1/1 соба 2.480 денари
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој програм важат Опшите Услови на патување на Игуана Травел.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.

Т.А. Игуана Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.   Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

 За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ!

 

Напомена: 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА

Ве информираме дека при влез во Р. Турција, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас, или

* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.

Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат „Електронски формулар“ во последните 72 часа пред нивното патување на следниот линк:  https://register.health.gov.tr

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130