Хотел „Гарни МБ“

Хотел „Гарни МБ“ е лоциран во центарот на Будва, оддалечен околу 350 метри од море или 50 метри од комплексот Словенска плажа. До стариот град има 700-800 метри.

Категоризиран како хотел со 3 ѕвезди „Гарни МБ“ им нуди на своите гости пријатен и опуштен одмор, на одлична локација, за навистина прифатливи цени и услови. Сместувањето е квалитетно, удобно, конфорно, со дополнителна срдечност и професионалност на персоналот гарантира одмор полн спомени, емоции, сеќавања. Во склоп на хотелскиот објект има ресторан и кафе-бар.

Располагаме со гарантираниот закуп на следните видови соби и апартмани:

  • Двокреветни (два одвоени кревета)
  • Трикреветни (еден француски и еден единечен кревет)
  • Четирикреветен со две соби (еден француски и два единечни кревета)
  • Петкреветен со две соби (еден француски и еден единечен кревет и два единечни кревета)

Сите соби и апартмани имаат сопствена бања со туш кабина,фен,мини фрижидер,ТВ, бесплатен wi-fi, клима уред (вклучен во цената) и тераса.
Појадокот во хотелот е на база на шведска маса.

Термин на патувањетоНоќевање со појадок1/2 соба
цена по лице со превоз
1/3 соба
цена по лице со превоз
1/4 апартман
цена по лице со превоз
1/5 апартман цена по лице со превоз
06.06-13.067155140135135
13.06-20.06
7155140135135
20.06-29.069185165155155
29.06-08.079195175165165
08.07-17.079235210190190
17.07-26.079265240220220
26.07-04.089285260240240
04.08-13.089285260240240
13.08-22.089265240220220
22.08-31.089240215195195

Услови за сместување:

  • Дете до 2 години гратис,не користи легло.
  • Дете до 6 години гратис, не користи кревет ,плаќа само превоз 25 евра.
  • Прво дете до 12 години со двајца возрасни (користи кревет) плаќа 70% од цената на аранжманот.
  • Второ дете до 12 години (користи кревет) плаќа 50% од цената на аранжманот

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Цените во табелите се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен појадок (шведска маса) и автобуски превоз.
  • За патување со сопствен превоз се одбива 20 евра од цената на аранжманот.
  • Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
  • За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како:задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат зедно,задолжително носење на маска која ке ги покрива устата и носот.
  • Пополнетоста на патници во автобусот ке биде согласно моменталните протоколи за патување.
  • Во текот на целото патување во автобусот ке има и придружник од агенцијата.
  • Туристичка такса и хотелско осигурување се плаќа на рецепција во хотелот и чини 1,25 евра по лице на ден.Со плаќањето добивате картон за престој и хотелско осигурување кој е потребно да гозачувате до крајот на вашиот аранжман.
  • Цените во табелите се дадени во евра,плаќањето се врши  исклучиво во денарска противредност по курс  1 евро (62 мкд).
  • Во цената на аранжманот не е вклучено патничко-здравствено осигурување,препорачуваме Сава осигурување кое може да го извадите во нашата агенција по цена од 450мкд со вклучено КОВИД -19 покритие.
  • За ова патување важат Општите услови за Патување на СКТМ и Т.А Игуана травел.

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130