ЦРНА ГОРА

УЛЦИН – БАР – БУДВА – ЦЕТИЊЕ – ОСТРОГ – ПОДГОРИЦА

 

1 ден 29.12.2022 (четврток) Македонија
Состанок на групата околу 22 часот на договореното место и заминување за Црна Гора.

2 ден 30.12.2022 (петок) Улцин -Бар -Будва
Пристигнување во Улцин, кој е еден од најстарите јадрански градови и посета на Стариот град – кој постои 25 век и е сведоштво за различните културни и економски околности, цивилизации и култури кои влијаеле на неговото појавување. Живописни улици, тесни и виткани, со компактни двокатни и трикатни камени куќи и елементи од барокен и ренесансен стил, воодушевува со својот изглед, но и со приказните што ги носи со векови. Се верува дека познатиот шпански писател, Мигел де Сервантес, бил поробен во Улцињ на крајот на 16 век. Главната хероина на неговиот роман „Дон Кихот”, Дулчинеја од Тобоз, е препознаена како жена од Улцињ, а делото е создадено по неговото поробување во Стариот град, кое во романските држави го носи името Дулчино. Потоа заминување за Бар .Слободно време. Пауза за ручек или кафе. Заминување за Будва . Сместување во соби и апартмани. Слободно време . Ноќевање.

3 ден 31.12.2022 (сабота) Будва – Херцег Нови – Тиват – Котор
Слободно време или факулативна целодневна посета на Херцег Нови, потоа заминување за Котор кој е крајбрежен град во југоисточниот дел на Црна Гора. Помеѓу 1420 и 1797 Котор и околината бил под власт на Венецијанската република и од овие причини на овие простори се среќава и архитектурата од овие народи. Тиват – приморски град во југозападниот дел на Црна Гора, сместен во Которскиот Залив, познат по Порто Монтенегро – марина за мега јахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Враќање во Будва. Ноќевање.

04 ден 01.01.2023 (недела) Дубровник
Слободно време или факултативна посета на Стариот Град Дубровник со локален водич – Страдун , Орландовиот Столб, Охофриевата фонтана, Кнежевата Палата, .. Слободно време и враќање во Будва во попладневните часови. . Ноќевање.

05. ден 02.01.2023 (понеделник) Будва- Цетиње – Острог – Подгорица
Одјавување од апартманите и заминување за Подгорица – со попатна посета на Цетиње – Црногорската престолнина и Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда, во Црна Гора. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој беше погребан овде. Од манастирот, може да се види извонреден поглед на рамнината Бјелопавличи. Манастирот се наоѓа во Општина Даниловград, 50 км од Подгорица и 15 км од Никшиќ. Манастирот Острог е најпопуларно место за аџилак во Црна Гора. Заминување за Македонија во попладневните часови.

06 ден 03.01.2023 Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 20.11.2022 : 5900.оо денари
Редовна цена 7390.оо денари

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
• Сместување во БУДВА, само ноќевање -3 ноќи
• Превоз по дадените протоколи на дадената релација
• Посета на Улцињ, Бар, Цетиње, Острог
• Организација и водство на групата

ЦЕНАТА не вклучува :
• Туристичка такса на Острог 0,5 – 1 еврo ( се плаќаат на лице место)
• Превоз со комбиња до и од манастирот 2 евра (се плаќаат на лице место)
• Влезници за културно историските локалитети
• Факултативна посета на Котор, Херцег Нови и Тиват – 20 евра
• Факултативна посета на Дубровник со локален водич – 20 евра
• Туристичка такса 1 на ден – 3 евра за цел престој!
• Задолжително патничко и здравствено осгурување 250 денари

Напомени:
• Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на содржините во програмата
• За реализација на факултативните разгледи задолжителен број на прјавени патници е 25
• Факултативните разгледи и излети можат да се платат и во агенција или на лице место
• Доплата за еднокреветна соба е 25 евра
• Деца до 12 години со 2 возрасни имаат попуст од 30%
• За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
• Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
• Патувањето може да биде со валидна лична карта без факултативниот излет за Дубровник
• Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
• Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Македонија до Црна Гора и назад. Не и за време на екскурзиите

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130