Хотел Медитеран 5* – Бечиќи

(30.12.2021 – 02.01.2022)

30.12.2021 (четврток)
Тргнување на групата во 22:00 часот од Кавадарци, 23:30 часот од Куманово и 00:15 од Скопје кон Црна Гора со попатни паузи за царински формалности и одмори. Ноќно патување преку Косово и Албанија.

31.12.2021 (петок)
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Кратка пауза за фотографирање во монденскиот Свети Стефан, остров во близина на Будва, едно од најлуксузните и најекслузивните летувалишта на целиот Јадран, познато како „град-хотел“.
Сместување во високо рангираниот хотел Медитеран 5* во Бечиќи.( https://www.mediteran.me/), кој се наоѓа на самата плажа, прва линија море. Ресортот располага со спа и велнес центар, модерно опремени соби и неколку ресторани за комплетно уживање и релаксација на гостите. Следува одмор од патувањето, слободни активности и користење на сите поволности во хотелот. Вечера.
Дочек на Нова Година на плоштадот во Будва со познатата естрадна балканска ѕвезда Џибони. Ноќевање.

01.01.2022 (Сабота)
Појадок. Факултативно заминување на групата по избор на патниците кон Заливот Бока Которска. Заливот Бока Которска е еден од најубавите заливи во светот. Се состои од четири заливи кои го добиле името по местата каде што се наоѓаат Херцегновски, Тиватски, Которски и Рисански залив. Заливот го красат и 7 мали острови: Св Марко, Мамула, Госпа од Шкрпеља, Мала Госпа, Св.Ѓорѓи, Госпа од Милости и Островот на цвеќето. Поаѓање кон Тиват и посета на една од најмонденските и најмодерните марини кои се направени во поново време, Порто Монтенегро. Разглед на стариот дел на градот. Заминување на групата кон екстравагантниот Котор, разглед на стариот дел на градот низ тесните улички каде што се наоѓаат најважните културно-историски споменици, многубројните продавници кои ги мамат погледите на туристите, градските ѕидини, цитаделата, музеи, галерии, марината, црквите Св.Јован и Св.Сава. Доколку дозволат временските услови можност за крастарење со брод низ Заливот Бока Которска. Разглед на Рисански Залив и Госпа од Шкрпеља,каде што имате можност да ја видите истоимената црква.Цело време ќе можете да уживате во погледот на приморските места Рисан и Пераст. Враќање во хотел. Вечера.
Заминување на групата кон Будва за продолжување на забавата каде ќе можете да уживате во песните на една од ултра популарната ѕвезда Лепа Брена. Ноќевање.

02.01.2022 (Недела)
Појадок. Можност за користење на спа центарот на хотелот до времето предвидено за одјавување од собите.
Предлагаме факултативна посета на Цетиње. На прв поглед ќе ви се чини дека Цетиње потонал во длабок сон. Овој град всушност одмара од своето долго и бурно минато. Неговата приказна ќе Ве врати во 15 век. За да го одбрани својот народ од османлиската инвазија и да ја зачува православната вера и култура, големиот владетел Иван Црнојевиќ ја напуштил плодната почва на Скадарското езеро и нашол засолниште во подножјето на планината Ловќен. Ги изградил својот замок и манастир и основал ново седиште на Црна Гора и Црногорската митрополија, градот Цетиње. Во центарот на градот ќе имате можност да го видите наследството на династијата Петровиќ, која владеела над 200 години :
Билијард – резиденцијата на бискупот, познатиот писател и филозоф Петар II Петровиќ Његош, како и палатата на Кралот Никола каде за време на посетата нашиот водич ќе ве запознае со животот на кралското семејство Петровиќ. По посетата на манастирот во Цетиње враќање на групата кон хотелот.
Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 149 евра (9.240 ден.)

Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
• 2 ноќи со појадок и вечера во Медитеран Хотел & Ресорт 4* во Бечиќи
• Користење на Спа центарот на хотелот со специјален попуст за спа третмани и масажи.
• Туристичка такса и хотелско осигурување
• Трансфер од хотелот во Бечиќи до Стар град Будва на 31.12.2021 и на 01.01.2022
• Организација, реализација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:
• Факултативна посета на Тиват и Котор со локален туристички водич – 15евра
• Тричасовно Крстарење со брод по Заливот Бока Которска со локален туристички водич – 20 евра
• Факултативна посета на Цетиње со локален туристички водич – 15 евра
• ПЦР тест или брз антиген тест за враќање ( за оние кои немаат сертификат за вакцина)
• Задолжително патничко и здравствено осигурување ( информации во агенцијата )

Попусти и доплати:
• Доплата за еднокреветна соба – 60евра за две ноќи
• Трето возрасно лице на дополнително легло – 25% попуст
• Прво дете до 11,99 години – гратис во хотел ( плаќа само превоз – 45 евра )
• Второ дете до 11,99 години – 50% од цената за возрасен

Напомена:

• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
• За влез во Црна Гора е потребно:
1) Потврда за поминати 14 дена од ревакцинација за вакцини кои се даваат во две дози, односно поминати се 14 дена од имунизацијата со вакцини кои се даваат во една доза;
2) Негативен PCR тест за КОВИД-19 кој не е постар од 72 часа или позитивен PCR тест кој е постар од 14 дена , но и не е постар од 180 дена;
3) Негативен брз тест за антиген кој не е постар од 48 часа;
• За влез назад во Македонија за лица над 18 години потребно е сертификат за вакцинација, негативен антиген или ПЦР тест или потврда за прележан ковид до 45 дена
• Резервација се прави со авансна уплата од 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
• Во Црна Гора може да се патува со пасош и со лична карта

Ковид политика:
Агенцијата гарантира поврат на уплатени средства во случај:

  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кои се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130