Сараево

Програма на патувањето:

4 дена / 2 ноќевања

30.12.2021 (четврток) Македонија – Босна Состанок на групата во 18:00 часот и заминување за Босна преку граничниот премин Табановце. Попатни паузи и царински формалности.

31.12.2021 (петок) Вишеград – Сараево Пристигнување во Босна во раните утрински часови и посета на Вишеград кој се наоѓа во котлина долж течението на реката Дрина. Во градот се наоѓа ,,Мостот на Дрина”, кај месното население познато како ,,на Дрини чуприја”. Враќање во Сараево. Сместување во хотел. По кратка пауза средба со локален водич и пешачка тура при панорамско разгледување на градот веднаш до Олимпиското село и возење по патот кон Источно Сараево (интересна демаркациона линија на Федерацијата БиХ и РС) – кратка посета на овој мал град кој постојано се гради и го зголемува населението за 25.000 жители. Панорамско возење низ улицата Спасовданска. Продолжување на возењето и целиот пат до Враца, и прекрасна глетка -панорама на градот од комплексот Партизански гробишта – Меморијален парк во Враца. на Бентмбаша и туристичка тура со водич до стариот дел на градот (мал Ерусалим на Балканот- како што Евреите го дадоа своето име)… јавен и привлечен- најпосетуваната фонтана Себиj. Во посета на само 300-400 метри. Православна стара црква (најстарото светилиште ), Католичка катедрала-срца Исосовo,. Гази Хусреф беговата џамија, Синагога..латинска парохија (место на убиство на австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија). Факултативна посета на Тунелот на спасот. Враќање во хотелот. Слободно време. Дочек на плоштад со богата музичка програма. Ноќевање.

01.01.2022 (сабота) Мостар – Јабланица – Коњиц Појадок. Во раните утрински часови факултативна посета на Титовиот Бункер – најчуваната тајна во Југославија, која своевремено претставува најскапа инвестиција од тој карактер во светот. Но пред тоа – ќе имате можност да ,,учествувате’’ во Битката на Неретва, односно при посета на Музејот на ранетите – во Јабланица. Музејот дава можност Битката кај Неретва да стане виртуелна реалност за секој посетител. Во виртуелна 3D игра, доживејте ја оваа битка како да сте учесник во неа. Слушајте ги наредбите на командантот и завршете ги задачите – соборете го мостот, соборете ги непријателските авиони и префрлете ги ранетите. Ако успешно ја завршите мисијата, ќе ви честитам лично – од другарот Тито. Потоа заминување за Коњиц. Најмалата касарна во Југослави со најголемата скриена тајна – Титовата Арка – нуклеарен бункер, доживување кое не смеете да го пропуштите. Потоа заминување за Мостар . Разглед на стариот дел од градот и Стариот Мост.  Враќање во Сараево во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

02.01.2022 (недела) Сараево – Македонија Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и посета на Шопинг Центар или слободно време на Баш Чаршија. Потоа заминување за Македонија околу 15,00 часот. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови. 

Промотивна цена: 89 евра (5.520 денари) – до 15.11.2021          
Редовна цена 109 евра

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз на дадената релација
  • Посета на Вишеград
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Организација и водство на групата
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* или 4*

 Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факулативно речно крстарење по Дрина – 5 евра
  • Факулатативна посета на Музејот на ранетите во Јабланица и Титовиот бункер 30 евра
  • туристичка такса 2 евра

НАПОМЕНИ: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

  • За еднокреветна соба се доплаќа 1.800 денари

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130