Прага

Автобус 5 дена / 3 ноќи

1 ден 28.12.2022                               СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 10.30 часот. Тргнување за Прага во 11.00 часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 2 ден 29.12.2022                              ПРАГА

Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Вацлавскиот плоштад… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден   30.12.2022                             ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Факултативен излет  до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште  на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од  12те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

4 ден 31.12.2022                               ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Целодневен излет во Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период на селен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на богатото и славноминато: Палатата Звингер  ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба,  прекрасната Готска Богородична црква Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Августовиот мост… Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.

 5 ден  01.01.2023                             ПРАГА – OUTLET FREEPORT –  ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена,  прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.  Ноќно возење. Пристигнување следниот ден во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  209 евра / 12.960 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага
  • Организација и водство на програмата
  • Посета и разглед на Виена
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич 15 
  • Факултативен излет Карлови Вари 35 
  • Крстарење со брод по Влтава 20
  • Посета на Дрезден 40
  • Вечера во традиционална пивница со шоу програма 50 €
  • Туристичка такса 370 мкд (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба  4.650 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (РазгледнаПрага, КарловиВари, КрстарењепоВлтава, Посета на Дрезден)- 100 евра

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување:  Т.А. Игуана травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето .

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130