Париз (Авион)

Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител… Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате… Видете ги импресивните споменици и вкусете ги: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино… Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија… Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула која, секако, е симболот на Париз.

 

1ден / 04.02 СКОПЈЕ – БУВЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.40 часот. Полетување за (Буве) Париз во 06.40 и пристигнување во 09.45 часот. Организиран трансфер до хотел во Париз. Багажот се остава во хотел, по што следува разглед на (еден дел од) градот (пешачка тура/метро). Посета на најширокиот булевар и најпозната авенија во Париз – ChampsÉlysées, посета на Триумфалната капија, Елисејските полиња, плоштадот Конкорд, Домот на инвалидите. Организирана посета (факултатива) на еден најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Враќање во хотел и сместување во соби. Време за краток одмор. Околу 19:00, организирана посета на најмаркантното обележје на Париз – Ајфеловата кула. Посета на Трокадеро, со можност за попатна кафе-пауза во едно од најпознатите француски бистроа. Можност за влез на Ајфелова кула (1 или 2 ниво, индивидуално по желба). Во вечерните часови, препорачување крстарење по Сена, со можност за разглед на градот од една поинаква перспектива – магичната и секогаш романтична осветлена Ајфелова кула, прекрасните осветлени мостови и објекти изградени на бреговите на Сена (Новиот мост – pont Neuf, катедралата Нотер дам, музејот Орсеј) Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден / 05.02 МАРТ ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Факултативна посета (со метро )на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Враќање во градот. Прошетка во квартот на операта – посета на најакустичната оперска сала во Европа, изградена во времето на Луј IV – Опера Гарние (индивидуално можност за влез), посета на познатиот ексклузивен шопинг центар – La fayette. Можност за посета на позната француска парфимерија Fragonard. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден/ 06.02 ПАРИЗ
Појадок. Посета на квартот на уметниците – уникатниот Монмартр, посета на Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Можност за дегустација на познатото вино cabernet sauvign, кое во минатото потекнувало токму од лозовите насади од овој дел на градот. Разгледот продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Посета на Катедралата Нотр Дам, позната како „Богородичната црква во Париз“ сместена на островот Сите, формиран на реката Сена, кој е најстариот дел од Париз. Прошетка низ Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, Пантеонот, посета на Луксембуршките градини. Попладне препорачуваме прошетка по познатата шопинг улица Риволи. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден / 07.02 ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.20, пристигнување во 13.00 часот.

Цена за рана уплата до 21.01: 329€ / 20.400 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 429€ / 26.600 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:  

  • Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба со димензии 40х30х20см)
  • Организирани трансфери во Париз на релација аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во Хотел IBIS La Defence Esplanade 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:  

  • Чекиран багаж – куфер до 10кг – 3.500 ден /куфер до 23кг – 4.000 ден / куфер до 30 кг – 6.100 ден
  • Организиран тродневен разглед на Париз кој е поделен по региони во различни денови со вклучени
  • карти за јавниот транспорт за сите места кои се посетуваат – 35 евра по лице Туристичка такса по лице за 3 ноќи – 12 евра ( се плаќа во агенција )
  • Посета на Версај цена дополнително (вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич трансфер) задолжително е резервација и уплата во агенција
  • Посета на Лувр цена дополнително (вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич) задолжително е резервација и уплата во агенција
  • Влезница за Ајфелова Кула – 20 евра до 2кат
  • Крстарење по Сена – 20 евра
  • Карти за јавен превоз (метро) за индивидуални движења
  • Патничко-здравствено осигурување – 250 ден по лице

 

Напомена:

Сместувањето во хотел, бидејќи ИБИС располага исклучиво со двокреветни соби, Децата до 2 години можат да се сместат во хотел бесплатно со двајца возрасни.  

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета…
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130