Острог – Будва

 

1.ден 05.03.2021. Состанок на група пред Вип хотел и поаѓање кон Црна Гора  со попатни паузи и царински формалности.

2.ден 06.03.2021  Пристигнување во  Данилов Град и постеа на Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда, во Црна Гора. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој беше погребан овде. Од манастирот, може да се види извонреден поглед на рамнината Бјелопавличи. Манастирот се наоѓа во Општина Даниловград, 50  км од Подгорица и 15  км од Никшиќ. Манастирот Острог е најпопуларно место за аџилак во Црна Гора. Заминување за Будва со попатна посета на Делта Сити трговскиот центар. Сместување во Будва. Слободно време. Ноќевање.

3.ден 07.03.2021  Слободно време за индивидуални активности во Будва или факултативно крстарење по Бока Которска или Которски Залив — кој ја прославија храбри поморци, вешти мајстори, градители, многу истакнати мудри луѓе, со посета на Госпа од Шпиља-Пресвета Богородица на Скрпјело, која гордо стои наспроти стариот град Пераст, е еден од двата шармантни острови лоцирани во Которскиот залив. На овој вештачки остров има римокатоличка црква (со исто име), музеј и продавница за сувенири. Се смета за една од главните туристички атракции во овој дел на Јадранот поради легендата за неговото потекло и нереалната убавина. Враќање за Будва со попатна посета на Тиват.  Ноќевање.

4.ден 08.03.2021  Заминување од Будва за Бар.  Панорамски разглед на Св. Стефан. Пристигнување во Бар посета на храмот псоветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора. Областа на ова светилиште е во основа 2 × 1.350 м2. На централната купола на храмот, на висина од над 40 метри, има златен крст висок 4,6 метри и тежок 380 килограми. Потоа посета на Палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век. Таа била изградена во 1885 година на самиот морски брег и била подарок од кралот Никола за својата ќерка принцезата Зорка и за неговиот зет принцот Петар Караѓорѓевиќ. Палатата била составена од голема палата, од мала палата, од капела, од стражарница и од зимска градина. Во 1910 година ѝ била доградена пространа сала за балови. Во состав на палатата има и парк со многу различни видови медитеранска вегетација, меѓу кои и плутов даб Заминување за Македонија со попатни паузи и царибнски формалности.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 3500 денари

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Сместување во Будва, само ноќевање
  • Превоз по дадените протоколи на дадената релација
  • Посета на Острошки Манастир , Делта Сити , Тиват , Бар
  • Патничко  здравствено осигурување
  • Организација и водство на групата

ЦЕНАТА не вклучува :

  • Турустичка такса  на Острог 0.5 евра  (се плаќаат на лице место)
  • Превоз со комбиња до и од манастирот  2 евра (се плаќаат на лице место)
  • Влезници за културно историските локалитети
  • Факултативно крстање по Бока которска 20 евра

НАПОМЕНИ: 

  • Патвањето се одвива по сите протоколи
  • Организаторот го задржува правото за промена на  распоредеот на одделни посети и разгледи доколку условоте наложуваат
  • За ова патување важат општите услови за патување на Т.А Игуана Травел

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130