Νέα-Φλογητά-ΧΩΡΙΑ-800X600-ppi

Неа Флогита – место за вистински одмор

Неа Флогита е мало селце кое се наоѓа непосредно до Неа Модања, на источната страна од полуостровот Касандра (првиот крак од Халкидики). Се работи за исклучително мирно туристичко место, идеално за сите кои сакаат потполна релаксација за време на летниот одмор.

Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.

Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите сѐштовиепотребноили пак да уживате во активниот ноќен живот.

Неа Флогита е позната по долгата песочна плажа и бројните поплочени патеки идеални за луѓето кои сакаат да шетаат. На самата плажа, но и во селцето се лоцирани повеќе традиционални таверни, барови и ресторани кои ќе ги задоволат сите вкусови, а локалниот пазар изобилува со свежи производи во секоја сезона.

Во текот на летната сезона се воспоставуваат чести автобуски линии до голем број дестинации на Халкидики, а токму во Неа Флогита се организираат и тури до блиските археолошки локалитети. Луѓето кои живеат во ова селце се особено пријатни и токму поради тоа, ако еднаш отидете во Неа Флогита, сигурно ќе се вратите повторно.