Куќа „Цимбукас“ е лоцирана на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни куќи на почетокот на Неа Флогита. Оддаленена е околу 3 минути од песочната плажа.
Има сопствен затворен паркинг, голем убаво уреден зелен двор со ѕидана скара. Располага со 8 идентични мезонети за 4 лица, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена кујна со апарати за топла вода и за филтер кафе, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет со фен, а на спратот брачен – француски кревет.
Исклучително квалитетно уредена, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните воопшто во понудата на нашиот пазар која сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2019 година. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.
Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)
Термин | Ноќевања | 1 и 2 лице | 3 и 4 лице |
---|---|---|---|
21/05-28/05 | 7 | 89 | 45 |
28/05-04/06 | 7 | 109 | 45 |
04/06-11/06 | 7 | 119 | 45 |
11/06-18/06 | 7 | 159 | 45 |
18/06-25/06 | 7 | 189 | 45 |
25/06-02/07 | 7 | 209 | 45 |
*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица
Сезонски цена (објавени за наем на мезонета за 7 ноќевања)
Термин | Ноќевања | 1/4 мезонета |
---|---|---|
02/07-09/07 | 7 | 599 |
09/07-16/07 | 7 | 619 |
16/07-23/07 | 7 | 639 |
23/07-30/07 | 7 | 659 |
30/07-06/08 | 7 | 659 |
06/08-13/08 | 7 | 659 |
13/08-20/08 | 7 | 649 |
20/08-27/08 | 7 | 639 |
27/08-03/09 | 7 | 579 |
Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)
Термин | Ноќевања | 1 и 2 лице | 3 и 4 лице |
---|---|---|---|
03/09-10/09 | 7 | 199 | 45 |
10/09-17/09 | 7 | 159 | 45 |
17/09-24/09 | 7 | 119 | 45 |
24/09-01/10 | 7 | 89 | 45 |
*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица
Координати: 40.260556, 23.210332
Напомени и услови:
- Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
- Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на мезонета за 4 лица, во истата може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
- Цената за автобуски превоз изнесува:
- 3.100 денари (50 евра) за возрани
- 2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години
- Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
- За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
- Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
- Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
- Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
- Игуана травел не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Игуана травел и на самата агенција
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Игуана“