Куќа „Марија Карга“

www.ormos-panagias.gr/en

Куќа „Марија Карга“ е лоцирана на самиот влез во Ормос Панагијас. Оддалечена е од првата плажа околу 150 метри, и околу 500 метри од една од најубавите плажи на вториот крак, Трани Амуда. Студијата содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ЛЦД ТВ, тераса. Интернетот и климата се вклучени во цената. Истите се модерно, внимателно уредени и исклучително чисти. Во склоп на куќата има кафе бар, детски дел како и мала приватна градина (слична на таверна) каде гостите сами може да си подготвуваат јадење. Во собите има пешкири.

Цени за наем на студио за 7 ноќевања

ТерминНоќевања1/2 студио1/3 студио1/4 студио
04/06-11/067175210280
11/06-18/067210245315
18/06-25/067245280350
25/06-02/077280315455
02/07-09/077315350490
09/07-16/077350420525
16/07-23/077385455560
23/07-30/077420490595
30/07-06/087420490595
06/08-13/087420490595
13/08-20/087385455560
20/08-27/087350420525
27/08-03/097280350455
03/09-10/097245315420
10/09-17/097210245350
17/09-24/097175210280
Координати: 40.233231, 23.729833

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени за наем на студио за 2, 3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
  • Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
  • Цената за автобуски превоз изнесува:
    • 3.100 денари (50 евра)
  • Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
  • Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
  • Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
  • Игуана травел не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Игуана травел и на самата агенција

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Игуана“

 

Тимот на “Игуана” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели

Апартмани Ситонија

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130