Куќа „Кики“

Куќа „Кики“ е лоцирана на почетокот на Неа Флогита, прва линија на море, на сама плажа. Има слободно место за паркинг околу неа. Располагаме со трикреветни, четирикреветни и петкреветни (дуплекс) апартмани, сите со директен, отворен поглед на море. Имаат комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

ТерминНоќевања1 и 2 лице3, 4 и 5 лице
21/05-28/0578945
28/05-04/06711945
04/06-11/06713945
11/06-18/06715945
18/06-25/06718945
25/06-02/07720945

*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица во апартманите и 4 лица во дуплекс апартманот

Сезонски цена (објавени за наем на мезонета за 7 ноќевања)

ТерминНоќевањаТрикреветен апартманЧетирикреветен апартманПеткреветен дуплекс
02/07-09/077499559609
09/07-16/077519619639
16/07-23/077559659679
23/07-30/087579679739
30/07-06/087579679739
06/08-13/087579679739
13/08-20/087569659679
20/08-27/087529619649

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

ТерминНоќевања1 и 2 лице3, 4 и 5 лице
27/08-03/09720945
03/09-10/09719945
10/09-17/09715945
17/09-24/09712945
24/09-01/1078945

*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица во апартманите и 4 лица во дуплекс апартманот

Координати: 40.257798, 23.210131

Напомени и услови:

  • Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
  • Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
  • Цената за автобуски превоз изнесува:
    • 3.100 денари (50 евра) за возрани
    • 2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години
  • Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
  • За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
  • Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
  • Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
  • Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
  • Игуана травел не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Игуана травел и на самата агенција

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Игуана“

Тимот на “Игуана” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели

Апартмани Касандра

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130