IMG-b7bc835802c5dbd9d7611c4385fe3391-V

Крушево!

Сместен во еден од најубавите краеви во Македонија, во густа и длабока борова, дабова и букова шума, на надморска височина од 1.250 метри, Крушево или Crushuva, е највисокиот град на Балканот и како таков е вистинска воздушна бања. Денес, тој претставува спој на традиционално, историско славно минато и современа архитектура и култура.

Градот, кој дал многу познати и влијателни личности кои ја збогатиле приказната за „Земјата на природата, лулката на културата“ – родното место на револуционерите Карев и Гули, на писателот Иљоски, на ликовниот уметник Мартиноски и безброј други, меѓу кои и најголемиот хуманист, безвремениот, единствен, неповторлив, Тодор Проески – Тоше!

Македонско кафе и локум за добредојде, колбаси со студено пиво за ведрина и расположение, гостопримливи и секогаш љубезни домаќини и секако, ноќевање во нашата, куќа „Себастијан“, без дилема се одлична комбинација за прекрасни спомени од Крушево.

Прошетките и разгледувањата може да започнат на Мечкин Камен, во недопрена природа и место полно со мистика, мир и тишина, опуштено и романтично пешачење или возење велосипед околу езерото за релаксација пред да влезете во Спомен-куќата на Тоше Проески и во Македониумот, да ги посетите четирите цркви „Св. Никола“, „Св. Троица“, „Св. Богородица“ и „Св. Јован“, кои се симбол на крушевскиот непокор, да го гледате полетувањето на параглајдеристите, да ја искачите највисоката точка и да вдишете радост и мир во манастирот „Св. Преображение“.

И додека Колумбо ја откривал Америка, нашите умни Власи го претекнале и го надмудриле па го населиле Крушево, еден од најубавите градови ☺

За ова мало гратче и за неговата долга, богата историја, како и за магијата во него, може навистина многу долго да се раскажува. Наместо тоа, ние ќе ве поканиме да бидете наши гости во една од куќите со најдобра и најубава локација, со директен поглед кон градот, куќа „Себастијан“.

 

Вљуби се (и ти) во Крушево…

Blog