Будимпешта

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања         

                                                                                                                                          

30.12               СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред хотелот “Holiday Inn” во 16.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 17.00 часот.Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

31.12               БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно панорамски разглед на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Слободно време за одмор.Вечерта Дочек на Новата 2023 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.Ноќевање.

01.01               БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Враќање во Будимпешта.Во доцните попладневни часови факултативно крстарење со брод по Дунав. Вечерта следи факултативна вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

02.01               БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци. Посета на шопинг центар Арена. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови следниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра  /12.340 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*  во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич задолжително– 10 евра
  • Вечера во ресторан Чарда 30 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 20 евра
  • Посета на Сент Андреа 25 евра
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици
  • Патничко – здравствено осигурување 200 денари
  • Доплата за 1/1 соба 3.900 денари
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа)- 50 евра

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Игуана травел
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од датумот на завршувањето на патувањето
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. 
  • Т.А. Игуана травел го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5(пет) дена пред поаѓање!

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130