Карневал во Венеција (Авион)

17 Февруари (Петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Венеција во 13:10 и слетување во 15:00 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.

18 Февруари (Сабота) МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.

19 Февруари (Недела) ВЕРОНА

Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

20 Февруари (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:15 часот.

Цена на аранжманот: 333 евра (20.650 денари)

Цената вклучува

  • Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
  • Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it/en) во Местре на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Венеција
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

  • Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.800 денари
  • Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.000 денари
  • Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 евра
  • Посета на Верона 50 евра
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
  • Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130