Кападокија

Таму некаде кога небото со првите утрински зраци ќе се обои во илјадници нијанси на портокалово, а првите куполи срамежливо ќе ѕирнат помеѓу волшебните самовилски оџаци, ќе помислите дека е возможно да се патува во бајките. Мистичните подземни градови во кои е скриена историја долга неколку векови и бескрајните долини, ќе ве натераат да се штипнете за да се уверите дека се тоа околу вас е реалност.

Добредојдовте во Кападокија, место со неверојатна убавина!

Самовилските оџаци ја прават Кападокија посебна. Настанале како резултат на ерупција на неколку вулкани и низ годините ветровите и дождовите создале вакви облици. Кога природата го направила своето, дошле луѓето и во тие „оџаци“ почнале да домуваат бидејќи биле идеални за живеење, во зима се одржувала топлината, а во лето се одржувала пријатна температура. Но, тука се и неверојатните цркви исклесани во карпи со прекрасни зачувани фрески на светци, а она по што туристите најмногу го препознаваат овој регион се летовите со балони.

 

Авион 5 дена / 4 ноќевања

  1. Октомври (Сабота) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ                 

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:15 часот. Полетување во 12:55 и пристигнување во Кајсери во 14:15 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за прошетки. Ноќевање.

  1. Октомври (Недела) СЕВЕРНА ТУРА – ПАШАБАГ – ДЕВРЕНТ – АВАНОС – ЃОРЕМЕ Музеј под отворено небо – УЧХИСАР

Појадок. Факултативен излет – северна тура. Прошетка кон долината Пашабаг. Од самиот почеток ќе бидете маѓепсани од неверојатните облици на самовилските оџаци кои ќе бидат секаде околу вас. Се уште под силен впечаток ќе пристигнеме во Долината на имагинацијата или Деврент. Овде ќе може да се воодушевувате на креациите кои ги направиле ветерот и водата. Патот не води во Аванос, мало место познато по својата долга историја на грнчарство (повеќе од 4000 години). Пауза за ручек. Ќе го посетиме Ѓореме – Музејот под отворено небо, фасцинантен сплет на цркви и манастири, скриени длабоко во карпите, а речиси секоја карпа е претворена во верски објект насликан со фрески. Целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО. Потоа се упатуваме кон Учхисар, старата цитадела  вклесана во карпа и воедно највисока точка во Кападокија од каде се пружа прекрасен поглед на Ѓореме. Враќање во хотелот во доцните попладневни часови. Ноќевање.

  1. Октомври (Понеделник) ЈУЖНА ТУРА – КАЈМАКЛИ – ДОЛИНАТА ИХЛАРА

Појадок. Факултативен излет – јужна тура. Се упатуваме во мистичното подземје на Кападокија. Ќе го истражиме Кајмакли, еден од подземните градови кои се скриени длабоко под долините. Овие градови се сметаат за девето чудо на античкиот свет. До сега се истражени 8 ката, со вкупна длабочина од 55 метри. Поседувале вентилационен систем, водовод, училишта, цркви и многу други простории кои овозможувале нормален живот под земја. Продолжуваме кон долината Ихлара долга 16 километри. Импресивниот кањон и малата река Мелендиз се главна атракција на ова долина. Прошетката низ прекрасната природа ќе ја надополниме со ручек во Анадолското село покрај самата река. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.

  1. Октомври (Вторник) УРГУП МУСТАФАПАША ОРТАХИСАР

Појадок. Можност за факултативен излет во возбудливото минато на Кападокија. Ургуп е туристички центар на регионот со многубројни продавници, кафетерии, ресторани. Околината на градот е позната по врвните домашни вина.  На излезот од градот е еден од најпознатите камени облици во Кападокија – Трите убавици или трите самовилски оџаци. Мустафапаша е стар византиски град кој во минатото го носел името Синанос. Во ова место денеска живеат жители од Егејска Македонија.  Дел од нив го разбираат и зборуваат македонскиот јазик. Излетот продожува со посета на местото Ортахисар во чиј центар доминира карпата – замок. Тоа е извонреден пример за карпеста архитектура типична за овој регион. Замокот висок 90 метри, служел како засолниште во време на Византиската империја. Слободно време за ручек во локален ресторан. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.

  1. Октомври (Среда) КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ                                 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Организиран трансфер до Аеродромот во Кајсери. Полетување за Истанбул во 15:00 часот. Пристигнување во Истанбул во 16:30 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:25 часот.

Цена на аранжманот:  32.550,00 денари (525€)

 

Цената вклучува:   

– Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Кајсери со вклучени аеродромски такси
– Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
– Трансфер од Аеродромот до Хотелот во Кападокија и обратно
– Сместување во Хотел во Кападокија на база 4 ноќевања со појадок
– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

– Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
– Факултативен излет – Северна тура 50 евра
– Факултативен излет – Јужна тура 50 евра
– Факултативен излет – Мустафапаша, Ортахисар 50 евра
– Танц на Дервишите
– Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика, вечера
– Летање со балон над самовилските оџаци на Кападокија (во зависност од расположливи места во балони и временски услови, рано наутро пред изгрејсонце околу 04:30 часот), тоа е едно волшебно и незаборавно доживување, што ќе ви овозможи возбуда и уживање во неверојатниот поглед
– BUS SUNSET TOUR – Црвена Долина со залез на сонцето, превоз, локален водич
– Карти за локален превоз
– Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ

– За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
– Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130