Истанбул

Приказна од Ориентот

Автобус / 5 дена / 3 ноќевања

29 април (четврток)      Скопје – Истанбул

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 16.00 часот. Тргнување за Истанбул во 16.30 часот. Се патува преку Р. Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

30 април (петок)         Истанбул

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Аја Софија, Сината џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот рог, хотелот „Пера палас“, (каде што Агата Кристи го напишала светски познатиот роман „Ориент Експрес“), стадионот на Бешикташ, кулата Галата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем-Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија. Сместување во хотел „Пеликан“. Организирана посета на Капали чаршија. Факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Белербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13,5 км. за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор, Европа – Азија) каде што ќе се види Девствената кула и Михрима Султан џамијата. Враќање во хотел. Ноќевање.

1 мај (сабота)           Аја Софија – Топ Капи – Крстосување по Босфор

Појадок. По појадокот факултативна посета и разглед на Аја Софија и на Топ Капи, којк содржи музејска збирка со непроценливо богатство, со вклучена влезница и водич. По разгледот следува факултативно крстосување по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите ФАтиф и босфор, кои ги поврзуваат Европа и Аџија. Враќање во хотел. Во вечерните часови, можност за факултативна вечера во национален ресторан за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 мај (недела)           Таксим – Цариградска патријаршија – Долма Бахче – Сафир Сејир Тераса                  

Појадок. По појадокот заминување во организирана посета во центарот на модерен Истанбул – плоштадот Таксим и пешачката улица Istikal. Посета на Цариградската партијаршија по поводо христијанскиот празник Велигден. Факултативна посета на Дома Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан (со вклучена влезница и водич). Факулатативна посета Saphire Seyir Terasi, највисоката „тераса“ (238 метри) во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата мостот, Девствената кула… враќање во хотел. Ноќевање.

3 мај (понеделник)           Истанбул – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на познатиот шопинг-центар „Форум“ каде се наоѓа големиот подводен аквариум. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Пристигнување следниот ден во утринските часови.

Цена на аранжманот по лице:

-За резервации направени со 50% аконтација до 13 март 7.750 мкд. (125 евра)
Редовна цена 620 мкд (139 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Сместување во хотел „Пеликан“ (pelikanhousehotel.com) на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Истанбул со стручен локален водич
  • Посета на плоштадот Таксим и пешачката улица Istikal
  • Посета на Цариградската паршија
  • Организација на патувањето со лиценциран придружник-пратител на групата за време на патувањето и престојот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на:
    • Аја Софија со вклучена влезница 15 евра
    • Топ Капи со вклучена влезница 15 евра
    • Азискиот дел – Ускудар – Белербеј 10 евра
    • Долма Бахче сарај со вклучена влезница и водич 25 евра
    • Sapphire Seyir Terasi 15 евра
  • Вечера во национален ресторан 30 евра
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
  • За овој аранжман вашат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денари
  • Пасошот треба да има важност најмалку 4 месеци од денот на враќање

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130