”Градот кој не спие”

 

Белград е на листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава. Има прекрасни  ресторани, барови и ноќни клубови како и добро познатите сплавови на реките Дунав и Сава, ентузијастичкото домашно население  придонесува за пријатна атмосфера и добра забава.

Состанок на групата во 02:30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 03:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови, односно во најновиот и најмодерниот шопинг центар на Балканот “ Бео Шопинг Центар “ каде што ќе може да уживате во шопинг во најбараните и најпознатите светски брендови како AVANGARDIA,BEOSPORT ,BERSHKA C&A CROPP FASHION & FRIENDS GARINELLO GUESS H&M HOUSE KAPORAL  KOTON LC WAIKIKI LINDEX MONA FASHION PIAZZA ITALIA PULL & BEAR, или пак да се опуштите во некој од многубројните ресторани или кафичи.

Потоа во договорено време заминуваме во центар на Белград каде може да ја почнете прошетката по улицата Кнез Михајлова, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан, ридот Топчидер (стадионите на Црвена звезда Партизан). Во попладневните часови  тргнување кон Македонија, со попатна посета на „ИКЕА“Слободно време до 20:00 часот…Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена  2150 денари

Цената вклучува:
* Автобуски превоз на наведената релација
* Посета на шопинг центар “БЕО” и  “ИКЕА“
* Организација на аранжманот со лиценциран придружник – пратител на групата

Цената не вклучува:
* Индивидуални трошоци


Напомени:
* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 10патници.
* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање
* Т.А. Игуана Травел го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

*  НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО ! ( може да се патува и со лична карта)

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130