Врњачка бања

Автобус / 3 дена / 2 ноќевања


1 ден 22.05.2021 (сабота)               Скопје – Врњачка бања

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 5:00 часот, тргнување за Врњачка бања 5.30 часот. Пристигнување околу пладне. Разгледување на Врњачка бања каде денес има седум извори на минерална вода, четири од нив се користат за балнелошка терапија, „Топла вода“, единствена бања која има температура како и човечкото тело (36,5ц) и се користи за капење и пиење. Бањите „Снежник“ (17ц), „Језеро“ (27ц) и „Слатина“ (14ц) се студени минерални води, две од нив (од изворите Топла вода и Врњачко врело) се флашираат во „Вода Врњци“. Сместување во хотел „Даница“. Време предвидено за индивидуални активности и одмор. Вечера. Ноќевање.

2 ден 23.05.2021 (недела)             Врњачка бања (Жича, Краљево)

Појадок. Прошетка низ околината на Врњачка бања која е богата со културно – историско наследство, а според Унеско е сместено во редот на Светски градини. Пред се црквите Лазарица и Св. Петка, како и манастирите Студенице, Љубостиње, и Жича, за каде е предвидена факултативна посета, оддалечен е околу 30 км. од Врњачка бања. Го подигнал Стефан Првовенчан со својот брат Сава, а градењето траело 20 години, конечно е завршен 1208 година. Манастирот е седиште на првата Српска архиепископија. Најстарите фрески во манастирот се сликани по 1219 година… на враќање кон Врњачка бања ќе се направи пауза во Краљево за кафе, ручек, прошетки. Вечера во хотел. Ноќевање. 

3 ден 24.05.2021 (понеделник)   Врњачка бања – Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време до 12 часот кога е предвидено тргнување за Врање. Пристигнување околу 15 часот. Слободно време за прошетки, шопинг или ручек со познати српски специјалити. Враќање во Скопје во чеверните часови

Цена на аранжманот по лице:
5.500 мкд (89 евра)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • автобуски превоз на наведената релација
  • сместување во хотел „Даница“ (vagres.rs/danica) на база 2 полупансиони
  • разгледување на Врњачка бања
  • организација на аранжманот со пратител – придружник на групата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • задолжително патничко – здравствено осигурување
  • туристичка такса 1,5 евро на ден по лице
  • факултативна посета на манастирот Жича 5 евра

Напомени:

  • За реализација на аражманот е потребен минимум од 30 патници
  • За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ и Игуана травел
  • За сопствен превоз цена по лице: – 3.350 мкд за 2 HB, 5.000 мкд  за 3 HB.

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130