Будва

09.12.2021 (четврток) Прв ден: Состанок на група  и поаѓање кон Црна Гора  со попатни паузи и царински формалности.

10.12.2021  (петок) Втор ден: Пристигнување во  Данилов Град и посета на Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда, во Црна Гора. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој беше погребан овде. Од манастирот, може да се види извонреден поглед на рамнината Бјелопавличи. Манастирот се наоѓа во Општина Даниловград, 50   км од Подгорица и 15  км од Никшиќ. Манастирот Острог е најпопуларно место за аџилак во Црна Гора. Заминување за Будва со попатна посета на Цетиње –  град во Црна Гора. Таа е поранешна кралска престолнина на Црна Гора и е локација на неколку национални институции, вклучувајќи ја и официјалната резиденција на претседателот на Црна Гора. Заминување за Будва. Сместување во Будва. Слободно време. Ноќевање.

11.12.2021  (сабота) Трет ден: Слободно време за индивидуални активности во Будва или факултативна посета на Херцег Нови, Котор и Тиват . Враќање за Будва со попатна посета на Тиват.  Ноќевање.

12.12.2021  (недела) Четврти ден: Заминување од Будва за Бар.  Панорамски разглед на Св. Стефан. Пристигнување во Бар посета на храмот псоветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора. Областа на ова светилиште е во основа 2 × 1.350 м2. На централната купола на храмот, на висина од над 40 метри, има златен крст висок 4,6 метри и тежок 380 килограми. Потоа посета на Палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век. Таа била изградена во 1885 година на самиот морски брег и била подарок од кралот Никола за својата ќерка принцезата Зорка и за неговиот зет принцот Петар Караѓорѓевиќ. Палатата била составена од голема палата, од мала палата, од капела, од стражарница и од зимска градина. Во 1910 година ѝ била доградена пространа сала за балови.  Заминување заУлцин, кој е еден од најстарите јадрански градови и посета на Стариот град – кој постои 25 век и е сведоштво за различните културни и економски околности, цивилизации и култури кои влијаеле на неговото појавување.Живописни улици, тесни и виткани, со компактни двокатни и трикатни камени куќи иелементи од барокен и ренесансен стил, воодушевува со својот изглед, но и соприказните што ги носи со векови. Се верува дека познатиот шпански писател, Мигел деСервантес, бил поробен во Улцињ на крајот на 16 век. Главната хероина на неговиотроман „Дон Кихот“, Дулчинеја од Тобоз, е препознаена како жена од Улцињ, а делото есоздадено по неговото поробување во Стариот град, кое во романските држави го носиимето Дулчино. Пауза за ручек или кафе. Заминување за Македонија околу 16 часот .

 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 69 евра (4.280 денари)

Цената на аранжманот вклучува :
– Сместување во Будва на 2 ноќевања
– Превоз по дадените протоколи на дадената релација
– Посета на Острошки Манастир, Цетиње,  Делта Сити , Тиват , Бар, Улцин
– Организација и водство на групата

Цената на аранжманот не вклучува :
– Туристичка такса  на Острог и Цетиње  – по 1 евро
– Превоз со комбиња до и од манастирот 2 евра (се плаќаат на лице место)
– Влезници за културно историските локалитети
– Факултативнa посета на Херцег Нови, Котор и Тиват – 25 евра

НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130