Белград

30.12.2023-01.01.2024
Сместување во хотел Abba 4*

 

1ден / 30.12 (сабота) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД 

Состанок на групата во 06:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 06:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 13 часот. Сместување во хотел.
По кратка пауза заминување со локален водич и организиран панорамски разглед на Белград, со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова. Во договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време за одмор. Нокевање.

 

2ден / 31.12 (недела) БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД 

Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и обратно за дочек на Нова 2024 Година на Плоштад или во некој од многуте ноќни барови, дискотеки или во кафана на добро познатата Скадарлија. Во утринските часови, враќање во хотел. Ноќевање.

3ден / 01.01 (понеделник) БЕЛГРАД-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон трговскиот центар Ушче (доколку работи). Слободно време за кафе, шопинг, прошетка. Во договореното време, поаѓање кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 165  € /  10.230  мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Разглед на Белград со локален водич;
  • 2 ноќевања со појадок  во Hotel Abba 4*
  • Организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
  • посета на шопинг центар Ушче

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Опционална посета на Нови Сад – 1.200 мкд
  • туристичка такса – 200мкд по лице за цел престој  (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
  • Доплата за 1/1 соба – €
  • здравствено патничко осигурување 5€

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници за автобус,доколку е авионска 15
  • Може да се патува и со лична карта;
  • За реализација на опционалната посета на Нови Сад потребно е минимум 35 пријавени лица
  • За патување со сопствен превоз – 10€ од цената                         

 

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130