Термин: 08.12 – 10.12.2023
3 дена / 2 ноќевања / автобуски превоз
1 ден 08.12 (петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
-
- Состанок на групата во 02:00часот на Дрво Декор. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 9 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич и посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова. Bраќање во Хотел сместување. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 09.12 (сабота) БЕЛГРАД- НОВИ САД – БЕЛГРАД
-
- Појадок. По појадокот, факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Целодневна посета на Градот. Враќање во Белград. Опционална вечера во Скадарлија. Ноќевање.
3 ден 10.12 (недела) БЕЛГРАД- СКОПЈЕ
-
- Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон центарот на Белград каде ќе имате можност да прошетате низ Кнез Михајлова или можеби новиот дел “Београд на води”. Слободни активности до 12часот и посета на трговскиот центар Ушче. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови
Цена на аранжманот по лице: 8.370мкд (135€)
Цената покрива:
- Oрганизација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција
- Разглед на Белград со локален водич
- 2 ноќевања со појадок во Hotel Abba 4*
- превоз на наведената релација со туристички автобус
Цената не покрива:
- Факултативна посета на Нови Сад 25€
- Патничко осигурување 5€
- Доплата за еднокреветна соба 45€
- Вечера во Скадарлија 30€
- Влезници во културно историски споменици
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- За реализација на факултативата Нови Сад потребно е минимум 30 пријавени лица;
- За патување со сопствен превоз се одбива 10€ од цената;
- Уплата исклучиво во денари.
ОПИС на ХОТЕЛОТ ABBA4*
Хотелот “Abba” е модернистичко, ново и единствено име на хотелскиот пазар. Овој хотел кој претставува синоним за квалитет и комфор. Хотелот се наоѓа во општина Вождовац(хармот Свети Сава). Секоја соба има клима уред, ТВ ЛЦД, бесплатен WI-FI интернет и бесплатен паркинг.