Белград- Нови Сад- Сремски Карловци

1 Ден – 23.10.2020 (петок) Скопје – Белград  

Состанок на групата во 03:30 часот и тргнување за Белград во 04:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во  претпладневните часови по што следи разгледyвање на градот со локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативна посета на национален ресторан во Скадарлија со жива музика и мени со специјалитетите на српската кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 Ден – 24.10.2020 (сабота) Белград – Сремски Карловци -Нови Сад – Белград

Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Нови Сад, оддалечен 90км од Белград. Пристигнување во Нови Сад и разглед на градот со локален водич: Петроварадинската тврдина, Стариот град, Музејот, Црквата Св.Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн…  Продолжуваме кон Сремски Карловци. Пристигнување во Сремски Карловци и организирана прошетка низ градот кој некогаш бил седиште на Српската православна црква во периодот на Австро-Унгарија и  политички и културен главен град на Војводина. Организирана посета на винарија Косовиќ во Сремски Карловци со дегустација на сортни вина и бермет. Поаѓање кон Белград со попатна посета на аутлет шопинг центарот Инџија (https://fashionparkoutlet.rs/). Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во Белград. По враќањето можност за организирана вечер во договор со претставникот од агенцијата. Ноќевање.

3 Ден – 25.10.2020 (недела) Белград – Скопје

                  Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за крстарење по убавиот син Дунав или слободно време за индивидуални активности. Организирана посета на еден од маркетите Лидл.  Заминување за Македонија во попладневните  часот со попатна посета на Икеа. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје. Патување со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

                            

                               ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 4.900,00 денари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација;
  • Две ноќевања со појадок во Белград –  хотел Side one Design hotel Garni 3*- http://www.sideonehotel.com/
  • Разглед на Белград со локален туристички водич;
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Посета на национален ресторан во Скадарлија – 30 евра
  • Целодневен излет до Сремски Карловци, посета на винарија Косовиќ http://www.vinarijakosovic.com – Сремски Карловци со дегустација на сортни вина и бермет и посета на Нови Сад и разглед на градот со локален туристички водич  – 20 евра
  • Крстарење со брод по Дунав – 10 евра
  • Патничко и здравствено осигурување – 200 денари.
  • Туристичка такса 160 динара на ден се плаќа во хотел.

 

 Напомена: Потребна е бројка од 30 патници за реализација на аранжманот
* Може да се патува со лична карта

Празнични Патувања

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

За подетални информации можете да не контактирате WWW.IGUANA.COM.M

Е - МАИЛ

contact@iguana.com.mk

КОНТАКТ БРОЈ

02 3232-130