Бајазит

Бајазит Мејдан во Истанбул

Бајазит Мејдан е плоштад кој се наоѓа во европскиот дел на Истанбул, а е неофицијално именуван според џамијата на Бајазит II, која се наоѓа непосредно до него.

Официјалното име на овој прекрасен плоштад е „Плоштад на слободата“, но помеѓу населението е многу попознат по неофицијалното име, коешто се должи на близината на џамијата на Бајазит II. Плоштадот се наоѓа на местото каде што некогаш стоел Форумот на Теодосиј I, големиот император на Византија, уште додека градот го носел името Византион. Денес, од грандиозното здание е останато само едно мало делче, коешто претставува споменик на плоштадот.

На едната страна од плоштадот се наоѓа влезот на Универзитетот на Истанбул, во чиј склоп е и кулата на Бајазит II. Изгледот на плоштадот, онака како што можете да го посетите денес, е дело на архитектот Таргут Кансевер.

Овој плоштад има огромно историско значење, почнувајќи уште од времето на Византија, па сѐдомодернаТурција, вокојапретставувасобиралиштезанајразличниформи на протести. Меѓу најпознатите се: Крвавата недела во 1969 година, терористичкиот напад од 1978 година (Масакрот на Бајазит), како и јавното погубување на 20 американски активисти во 1920 година.