



РИМ,
ВЕНЕЦИЈА и ФИРЕНЦА
Автобус / 6 дена / 3 ноќевања
06. Март СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 14.30 часот. Тргнување за Венеција во 15.00 часот. Патувањето продолжува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
07. Март ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Венеција во претпладневните часови. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло, познато летувалиште во близина на Венеција. Во пладневните часови панорамско разгледување на "заспаната убавица": Плоштадот и Црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Мостот на Воздишки, Кулата, каналот Гранде, мостот Риалто... Ноќевање.
08. Март РИМ
Појадок. Патувањето продолжува кон Рим. Пристигнување во попладневните часови и панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, Колосеумот, Римскиот Форум, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар.. Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка до плоштадот на уметниците, со прекрасните фонтани - Плоштадот Навона. Ноќевање.
09. Март РИМ - ВАТИКАН
Појадок. Можност за факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... По разгледот, прошетка низ центарот на градот: посета на Шпанските скали познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторнo враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот Плоштад Кампидољо, Римскиот Форум... Вечерта, факултативно, вечера во типичен италијански ресторан - траториа. Ноќевање.
10. Март РИМ - ФИРЕНЦА
Појадок. Патувањето продолжува кон Фиренца - колевка на ренесансата, градот на “Давид” на Микеланџело, на ”Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнува создавањето на италијанскиот литературен јазик. Разглед на градот: Катедралата Дуомо со високиот звоник и автентичната купола, чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио - Градското Собрание, Плоштадот Сињора познат по репликата на Микеланџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио - стариот мост од 14 век, Палатата Пити, Црквите Санта Кроче, Санта Мариа Новела и Сан Лоренцо... Тргнување кон Скопје во вечерните часови. Патувањето води преку Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
11. Март СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.900мкд (193€)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:



