Вие сте тука:   Дома Понуда 8ми Март 2012 8ми Март: Прага, Дрезден и Виена
Печати

 

ПРАГА,

 

ДРЕЗДЕН и ВИЕНА

 

Автобус / 5 дена / 3 ноќевања


07. Март СКОПЈЕ - ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn" во 15.00 часот. Тргнување за Прага во 15.30 часот. Се патува преку Србија. Ноќно  возење со попатни паузи за одмор  и царински формалности.

08. Март ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Сместување во хотел. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица... Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

09. Март ПРАГА - ДРЕЗДЕН

Појадок. Факултативен излет до Дрезден со стручен локален водич. Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост. Враќање во Прага во попладневните часови. Ноќевање.

10. Март ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште  на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава (со вечера). Ноќевање.

11. Март ПРАГА - ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот тргнување за Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку  Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.350мкд ( 119)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Fortuna West 3* во Прага на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Прага
  • Разглед на Виена
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО.

  • Крстарење по В’лтава (со вечера) 1.250 мкд (20 евра)
  • Излет до Карлови Вари 1.550 мкд (25 евра)
  • Факултативна посета на Дрезден 1.860 мкд (30 евра)
  • Влезници за локалитетите
  • Патничко-здравствено осигурување 300 мкд

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Игуана Турс
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 61,80мкд

 

 


AddThis

popusti_1

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

34°
°F | °C
Mostly Cloudy
Humidity: 81%
Thu
Mostly Sunny
30 | 48
-1 | 8
Fri
Mostly Sunny
36 | 52
2 | 11
Sat
Clear
36 | 61
2 | 16
Sun
Chance of Rain
28 | 48
-2 | 8

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

partneri_1

 

Има 99 гости присутни