



БУДИМПЕШТА
Автобус / 4 дена / 2 ноќевања
08. Март СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn" во 18.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
09. Март БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.
10. Март БУДИМПЕШТА
Појадок. Препорачуваме прошетка низ центарот на градот по познатата улица Ваци. Можност за посета на некој шопинг центар и Зоолошката градина, во попладневните часови. Вечерта, факултативно, вечера во национален ресторан - традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
11. Март БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Предвидена е посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.900мкд (95€)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:



