



ИСТАНБУЛ
Автобус / 4 дена / 2 ноќевања
08. Март СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn", во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Грција со попатни паузи. Ноќно возење.
09. Март ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Панорамско разгледување на градот: Аксарај, Бејазит Мејдан, Универзитетот, Хиподромот, Лалели Џамијата, Валенсовиот Аквадукт, Златниот Рог, Сината Џамија (посета), Аја Софија (посета), Топкапи Сарај (посета), Патријаршијата, Таксим... Во попладневните часови, препорачуваме посета на Азискиот дел на Истанбул – Бејлербеј, местото каде е снимена познатата серија “Кога лисјата паѓаат”. Ноќевање.
10. Март ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот на Европа и Азија. Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот. Враќање во хотел. Во вечерните часови, факултативна вечера во национален ресторан со богата музичка програма и ориентални танци. Ноќевање.
11. Март ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Слободно време за шопинг. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови следниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.500мкд (105€)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:



