Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Тајните на Закинтос

Тајните на Закинтос

Печати
Тајните на Закинтос Пред да отпатувате на јонскиот бисер, Закинтос, откријте ги сите тајни на островот, сите скриени убавини што треба да ги побарате, нормално, преку искуствата на оние кои се вратиле оттаму со насмевка на лицето.


Изолирани плажи


Порто Рокса


Всушност, во Порто Рокса, на северо-западниот брег од островот, не постои плажа - барем не во класичната смисла на зборот. На ова место, брегот е карпест, но водата е кристално чиста и одлична за пливање. Токму затоа таму одат луѓето кои првенствено ги интересира капењето, а не сончањето на лежалки.

Порто Зоро


Оваа плажа се наоѓа на јужниот брег на Закинтос. На самата плажа, но и во близината, не постојат никакви туристички објекти. Песочниот брег е како создаден за релаксација (плажата обично е полупразна или речиси празна), а погледот на синото море го попречуваат единствено необичните карпи недалеку од брегот кои ја прават глетката фантастична.

Тајните на Закинтос


Идилични села


Бокали


Ова мало село се наоѓа на ридот веднаш над главниот град, Закинтос. Местото вреди да се посети, особено ако имате некој посебен крај себе. Отидете на изгрејсонце или зајдисонце, за да го засведочите прелевањето на боите од природата во склоп со светилките што се палат (или гаснат) во градот под Вас. Во селото исто така има мала црква со повеќевековна старост, во која има икони уште од византискиот период.

Килиоменос


Ова рурално планинско село понекогаш се нарекува и Агиос Николаос, по црквата што го носи истото име, а се наоѓа во срцето на селото. Местото се наоѓа на само 16 километри од главниот град, Закинтос, а до таму лесно се пристапува по асфалтниот пат, со автомобил. За разлика од поголемиот број населби на островот, ова село има значителен број градби што го преживеале катастрофалниот земјотрес во 1953 година, а меѓу нив е и селската црква. Камбанаријата на црквата е далеку понова од самата црква и датира од 1893 година, но сепак на ѕидовите ќе забележите неверојатно детални декорации во камен. Природата околу селото е совршена за прошетки и за одмор од секојдневието - блиску до сè, а сепак доволно далеку...

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 153 гости присутни