Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Забавни активности на Закинтос

Забавни активности на Закинтос

Печати
Забавни активности на Закинтос Најголем дел од луѓето сакаат своите летни одмори да ги поминат на плажа, на брод, прошетки... Но, некои луѓе сакаат и малку поинакви активности. За среќа, Закинтос нуди забава за сите.



Маунтбајкинг


Една од најзабавните активности на копно, особено за вљубениците во адреналинот е планинскиот велосипедизам. Велосипед можете да изнајмите во секое поголемо одморалиште на островот и да тргнете по ридско-планинските патеки. Секаде каде што е можно, препорачливо е да не се задржувате премногу на асфалтните патишта, поради сопствена безбедност. Исто така, нерамниот терен го прави носењето кацига неопходно. Најдобар (и највозбудлив) терен за возење велосипед има на ридовите над Василикос и на централниот планински масив источно од градот Закинтос.

Забавни активности на Закинтос

Јавање


Ова е одлична активност, особено за вљубените парови. Можете да го прошетате островот со коњи, без разлика дали сте искусни јавачи или почетници - агенциите нудат услуги за сите. Можете да јавате по плажите на Закинтос на зајдисонце (или изгрејсонце доколку сте ранобудни) или пак да се качите во планините, да го впиете чистиот воздух и оттаму да уживате во прекрасниот поглед.

Закфари


Се работи за тура на островот со џипови, слично како одењето во Сафари, со таа разлика што овде нема да се соочите со диви ѕверки што сакаат да Ве изедат. Турите по островот започнуваат во Лагана, а оттаму се оди до: светилникот Кери, пештерите Дамиану, селото Гири, плажата Ксигиа, за на крај да се стигне до пештерската црква Мониспилиа. Оваа тура не се препорачува единствено за луѓето што имаат проблеми со одењето (повреди на нозете, грбот и сл.) бидејќи иако не се пешачи многу, деловите што мора да се поминат пеш се преку доста стрмен терен.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 152 гости присутни