Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Закинтос, дестинација за љубителите на културата

Закинтос, дестинација за љубителите на културата

Печати
Закинтос, дестинација за љубителите на културатаОстровот Закинтос е едно од местата во Јонското Море што лесно може да се ослови како летен рај. Но, покрај тоа што се работи за одлична дестинација за луѓето што сакаат да се релаксираат на песочните плажи, тоа е и место што не смеат да го пропуштат вљубениците во културата.


Бурното минато е она што го прави овој остров толку културолошки богат. Фактот што во одредени периоди од минатото бил под власт на Венеција, Франција и Британија, го прави плодна почва на којашто се раѓа една нова, светска култура, секако базирана на грчката традиција.

Закинтос, дестинација за љубителите на културата

Театар


Театарската традиција на Закинтос се развива уште од антиката, но постои и модерна театарска култура кај жителите на островот, која ја прифаќаат и туристите што го посетуваат. Првата забележана претстава во модерниот театар на Закинтос била „Перс“ од Есхил, во 1571 година, како прослава за победата на грчките поморски сили во битката со Турците кај Нафпактос. Оттогаш до денес, овој јонски остров засведочил илјадници изведби на најразлични претстави и дал бројни драмски писатели и актери. Проверете го репертоарот на претставите кога ќе се најдете на Закинтос и купете си билет за некоја. Дури и ако не разбирате грчки, амбиентот што ќе го почувствувате е приказна сам за себе.

Остров на црквите


Од старата архитектура на Закинтос има останато многу малку градби. Најголемиот дел од нив се цркви, оние коишто го преживеале катастрофалниот земјотрес во 1953, што речиси до темел ги срамнил сите останати архитектонски градби. Најпозната е црквата Св. Дионисиј (изградена во 1948 година), но покрај во главниот град, има голем број цркви расфрлени по целиот остров - дел во селата и населените места, а дел осамени. Доколку Ве фасцинираат културните белези на местата каде што патувате, одвојте еден ден од одморот на Закинтос и посетете ги црквите што кријат многу тајни.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 153 гости присутни