Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Нешта на кои треба да внимавате на Закинтос

Нешта на кои треба да внимавате на Закинтос

Печати
Нешта на кои треба да внимавате на ЗакинтосЗакинтос е најголемиот остров во Јонското Море и едно од најубавите места во Грција. Но, тоа не значи дека не треба да внимавате на одредени ситници што можат да Ви го расипат впечатокот од летниот одмор.


Вода за пиење


Водата од чешма на островот не е за пиење. Секогаш купувајте си доволно вода, каде и да одите и гледајте да не останете без барем едно шише, затоа што сонцето знае да стане премногу силно. Во таков случај, можете да се соочите со дехидрација, изнемоштеност, па дури и топлотен удар.

Нешта на кои треба да внимавате на Закинтос

Здодевни угостители


Ако се најдете навечер во Аргаси, на главната улица ќе се соочите со здодевните угостители кои буквално може да започнат да Ве влечат за облеката за да влезете во нивниот угостителски објект или пак да го погледнете менито што го нудат. Бидете внимателни и доколку не сте заинтересирани, едноставно одмавнете со рака и не дискутирајте понатаму - во спротивно релаксираниот одмор може да Ви се претвори во нелагоден (макар и само за миг).

Морска болест


Доколку сте лесно раздразливи или пак страдате од морска болест, тогаш за Вас не е препорачлива турата со брод околу островот. Морето околу Закинтос знае да биде многу непредвидливо, дури и во најмирните летни денови. Наутро можете да тргнете на пловидба на совршено мирно море, а до пладнето да бидете соочени со немирни бранови, предизвикани и од најслабото ветре. Нормално, турата нема да биде прекината затоа што Ви станало лошо, па ќе бидете соочени со мачнината до крајот на денот.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 153 гости присутни