Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Традиции и обичаи на Закинтос

Традиции и обичаи на Закинтос

Печати
Традиција и обичаи на ЗакинтосМестоположбата на третиот најголем јонски остров, Закинтос, го прави место со многу турбулентна историја на коешто се измешале повеќе културни влијанија, а со тоа се создала богата традиција и интересни обичаи.


Музика


Луѓето што живеат на Закинтос се вистински вљубеници во музиката. Ним таа им е придружен детаљ во секој аспект од животот. Како и сите уметности, музиката процветала некаде во 18 век, кога овој остров бил под власт на Венеција. Во 1815 била основана првата музичка академија, а денес, на Закинтос ќе чуете прекрасни изведби на безброј музички дела, на гитара и особено на мандолина.

Традиции и обичаи на Закинтос


Карневал


Жителите на овој јонски остров се весели луѓе по природа коишто сакаат пеење, танцување и веселби. Токму затоа, во минатото, најпознатиот карневал што се одржува на Закинтос траел од втората недела во јануари, до крајот на октомври - речиси цела година. Во денешно време карневалот е скусен на последните две недели од октомври, но доколку тоа време се најдете на островот, не пропуштајте ги случувањата, карневалската атмосфера на Закинтос не може да се спореди со ниту едно друго место.

Традиционална кујна


Штом ќе заминете на Закинтос, едноставно мора да ги пробате најпознатите специјалитети на островската кујна. Не смеете да ги пропуштите: сосот со лук - скордалија, зајачко месо на традиционален начин и печеното пиле. Во некоја од бројните пекарници треба да си купите од традиционалното печиво пастели, а искуство само за себе се и слатките што се продаваат на отворено - фристурес.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 152 гости присутни