Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Ресторани на Закинтос

Ресторани на Закинтос

Печати
РестораниЕдно од најважните искуства од секој одмор е храната. Без разлика дали сакате автентична грчка храна, италијанска храна или пак се држите до познатото интернационално мени, рестораните на Закинтос ви нудат голем избор јадења што одморот ќе ви го направат едно пријатно доживување.

Едно од најважните искуства од секој одмор е храната. Без разлика дали сакате автентична грчка храна, италијанска храна или пак се држите до познатото интернационално мени, рестораните на Закинтос ви нудат голем избор јадења што одморот ќе ви го направат едно пријатно доживување.

РестораниAvgoustis

Овој ресторан се наоѓа на плажата Цивили. Истиот нуди големо мени, во кое се вклучени: јагнешко клефтико, свински стекови, мусака, традиционални пити, многу свежи салати; како и вегетеријански мениа и детски оброци. Телефон: 0030 26950 48689

РестораниCasa Grecque

Тука можете да одберете традиционална грчка кујна или пак некоја од интернационалните. Ако не можете да се одлучите, главниот готвач со 27 годишно искуство во повеќе земји ќе ви препорача храна од: грчката, англиската, француската или италијанската кујна. Casa Grecque е ресторан за оние кои сакаат мирна и опуштена атмосфера. Се наоѓа во Лаганас.

РестораниIlision

Ресторан што се наоѓа во Аргаси, убаво сокриен од гужвите на главната улица. Мирната атмосфера и пријатната услуга ќе ви овозможат да уживате во грчките или интернационалните специјалитети.

РестораниLa Bella Napoli

Во Лаганас имате можност да ја искусите автентичната италијанска храна, во автентичната италијанска атмосфера. Ресторанот La Bella Napoli е потсетник за блиските врски на Закинтос со италијанската култура и еден од подобрите ресторани.

РестораниPaporo

Овој ресторан, кој има најдолга, 33 годишна традиција, се наоѓа на плажата Аликес. Специјализиран е за традиционалната грчка кујна. Откако ќе ручате или вечерате, можете да се префрлите во делот крај водата кој функционира како бар и да уживате во големиот избор пијалаци.
РестораниSugar Reef

Ресторанот Sugar Reef што се наоѓа во Каламаки е отворен цел ден и ви нуди појадок, ужинка, ручек и вечера; од грчката, како и интернационалната кујна. Во ресторанот има фамилијарна атмосфера.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 19 гости присутни