Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Нуркање на Закинтос

Нуркање на Закинтос

Печати
НуркањеВо Грција, земјата што изобилува со одлични локации за нуркање, веројатно најдобрите места можете да ги најдете околу островот Закинтос. Таму, има специфични животински видови, како и повеќе потонати бродови кои гарантирано ќе направат нуркачкото искуство долго да ви остане во сеќавање.

Во Грција, земјата што изобилува со одлични локации за нуркање, веројатно најдобрите места можете да ги најдете околу островот Закинтос. Таму, има специфични животински видови, како и повеќе потонати бродови кои гарантирано ќе направат нуркачкото искуство долго да ви остане во сеќавање.

НуркањеAdventure

Овој клуб се наоѓа на големата, бела песочна плажа во Лаганас, веднаш до една убава таверна. Има комора за декомпресија за еден човек, 50 комплети опрема, два компресори, воздушна перница со капацитет од 128 илјади литри, постојка за полнење што се лади со вода, тушеви со слатка вода и дополнителен простор за складираање опрема. Клубот располага и со Катамаран долг 9,5 метри.

НуркањеDiving Paradise

Клубот е опремен со најсовремена опрема, а во секој момент располагаат со 20 комплети, како и голем број резервни боци и регулатори. На располагање ви стојат за задоволување на сите нуркачки желби, без разлика на степенот на познавање на овој спорт. Се наоаѓа помеѓу Лаганас и Каламаки.

НуркањеEurodivers

Ако ви е потребен меѓународно лиценцирана школа за нуркање и нуркачки клуб, тогаш Eurodivers е вистинскиот избор за вас. Нивната централа се наоѓа во Лаганас, а различните тимови професионалци работат со групи почетници и со сертифицираните професионалци на нуркачките експедиции. Вработените зборуваат повеќе јазици.

НуркањеTurtle Beach

Клубот се наоѓа точно на плажата Лимни Кериу. Во него има објект за опрема, компресор, како и рецепција во чиј склоп има кафуле и фрапе бар. Тука можете да добиете часови по нуркање од сертифицирани професионалци, а истите се достапни и за помали групи.

НуркањеVasilikos Beach Diving

Нуркањето на плажата Василикос е посебно искуство. Видливоста во водата е преку 25 метри и е неверојатно чиста. Одличната опрема и професионалците ќе ви овозможат нуркање од брегот или од брод, а ќе имате шанса да се нурнете и во природното живеалиште на загрозените желки и да попливате со нив.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 19 гости присутни