Вие сте тука:   Дома Блог Закинтос Барови на Закинтос

Барови на Закинтос

Печати
БаровиКога заминувате на одмор, добро е однапред да знаете кои се најдобрите места каде можете да седнете, да се релаксирате и да се напиете нешто. За оние што ќе заминат на Закинтос, следува селекција на најдобрите барови на островот.

Кога заминувате на одмор, добро е однапред да знаете кои се најдобрите места каде можете да седнете, да се релаксирате и да се напиете нешто. За оние што ќе заминат на Закинтос, следува селекција на најдобрите барови на островот.

БаровиFragile

Ова е најстариот бар на островот кој се наоѓа во едно од најживописните опкружувања. Најдобро време да уживате во пејзажот на заливите Каламаки и Лаганас е самракот. Овој бар (кој се нарекува уште и пештерски бар) има голем избор на коктели и пива. Се наоѓа во Каламаки.
БаровиLevel

Тука имате можност да одберете од менито од преку 60 егзотични коктели и 50 различни пива од целиот свет, како и најдобрите точени пива. Барот организира караоке забави и игри секоја недела, со убави награди за учесниците. Се наоѓа во Циливи.

БаровиMill

Овој бар е изграден на местото на една стара воденица и е омилено место на многу посетители. Денес, остатоците од воденицата се претворени во шанк. Се наоѓа во Аликанас.


БаровиOlympic

Олимпик е бар и ресторан во едно. Неодамна беше комплетно реновиран и сега нуди раскошни оброци во ресторантскиот дел или уживање во големиот избор на пијалаци во делот кој функционира како бар. Се наоѓа во Аликес.

БаровиRed Lion

Овој снек бар се наоѓа на главната улица во Аргаси. Тука можете да ги најдете најдобрите 11 точени пива од светот, како и преку 50 видови пиво во шише. Со пијалакот можете да си нарачате и некој од традиционалните грчки специјалитети.

БаровиSugarbush

Доколку сакате да ја искусите атмосферата во врвниот коктел бар на остворот и да уживате во најдобрата музика, ова е вистинскиот избор. Тука служат убедливо најмногу видови коктели, точени и флаширани пива, вина, шампањ, како и вкусни сладоледи. Одлично место за целосно опуштање. Се наоѓа во Аликес.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Tue
Cloudy
9 | 27
-12 | -2
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 19 гости присутни