Вие сте тука:   Дома Блог Разно Останете во форма и кога сте на одмор

Останете во форма и кога сте на одмор

Печати
Останете во форма и кога сте на одморКога ќе се најдете на убаво место и ќе започнете да уживате во одморот, многу лесно може да се случи да се опуштите премногу и да заборавите на здравата исхрана, физичката активност и со тоа да ја загрозите формата на која сте работеле преку целата година.


Не можете да се одвоите од групата?


Неможноста да се одвоите од групата за да појдете да трчате нека не Ви претставува проблем. Доволно е секој ден, во склоп на заедничките активности да пешачите по 30 до 60 минути, за да ја одржите минималната потребна физичка активност, со што нема да дојде до пад на формата.

Не сте добар пливач?


Веројатно не постои човек кој не сака да биде во базен, во езеро или во море, во текот на жешките летни денови. Но, не сите се добри пливачи за да можат да добијат квалитетна физичка активност во текот на времето поминато во вода. Акваџогирајте околу 30 минути. Се работи за одлична кардиоваскуалрна вежба, а отпорот на водата ќе го елиминира неефикасното движење на екстремитетите и со тоа можете и да ја подобрите формата на суво.

Останете во форма и кога сте на одмор


Трчањето на одмор го чувствувате како обврска?


За да го надминете овој проблем, едноставно сменете ја рутината. Доколку вообичаено трчате наутро, излезете на зајдисонце, ако сакате да трчате по асфалтни патишта, тргнете по песочните плажи или поплочените патеки за пешачење, доколу трчате со друштво, излезете сами, итн.

Никогаш не сте трчале на плажа?


Во прв миг трчањето по песок може да Ви биде многу напорно бидејќи мускулите и тетивите се истегнуваат многу повеќе отколку кога трчате на тврда подлога. Одвојте еден ден за да се навикнете. Трчајте во куси интервали од по 2 до 3 минути. Помеѓу нив одете по една минута. Ограничете ја далечината, барем додека се навикнете.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 149 гости присутни