Вие сте тука:   Дома Блог Разно Направете ја хотелската соба поздраво место

Направете ја хотелската соба поздраво место

Печати
Направете ја хотелската соба поздраво место Прво нешто за што се грижите, каде и да сте, е Вашето здравје. Кога одите на одмор или пак на патување од друга природа, а сте сместени во хотел, тоа воопшто не треба да се смени.




1. Побарајте да Ви доделат соба на кат на кој не се пуши. Доколку тоа е невозможно, побарајте соба за непушачи.

2. Откажете се од мини барот, дури воопшто не го земајте клучот од рецепција. Не само што ќе заштедите пари ако не го користите, туку ќе избегнете и голем број несакани калории.

3. Покривките од креветот се вистински рај за прашински грини, креветски бубачки и голем број други паразити што живеат во креветите (дури и кога постелнината редовно се пере). Тргнете ги од креветот, по можност во некој агол од собата што не го користите. Понесете си своја постелнина.

Направете ја хотелската соба поздраво место

4. Дезинфицирајте ги предметите што знаете дека ќе ги користите (далечински управувачи, телефон, итн.) со антибактериски шамивчиња.

5. Избегнувајте користење стаклени чаши, дури и ако имаат хартиена покривка на нив. Пластичните чаши за една употреба се многу попрактични.

6. Ако спиете премногу лесно, т.е. се будите и од најмалиот непријатен звук, тогаш понесете си уред за музика или уред за правење бела бучава, што ќе можете да го искористите во хотелската соба.

7. Проверете дали во мигот се изведуваат какви било реконструкции во хотелот, особено во делот каде што сте Вие (ова може да предизвика многу бучава и прашина). Доколку неочекувано започне некоја интервенција што трае повеќе од неколку часа, побарајте да Ве префрлат во друга соба.

8. Потрошете некоја минута од Вашето време и пронајдете ги излезите. Сепак, се наоѓате во место што не Ви е познато, а треба да знаете каде да се упатите доколку има итен случај.

AddThis

naskoro

qbe300

iguana hostel web

Следете нè

facebook twitter youtube_64 feeds_64x64


aviobileti

Време

72°
22°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sat
Mostly Sunny
45 | 75
7 | 23
Sun
Mostly Sunny
43 | 73
6 | 22
Mon
Chance of Rain
45 | 70
7 | 21
Tue
Mostly Sunny
39 | 70
3 | 21

Конвертор

Сума   во    

partneri_1

 

Има 149 гости присутни