Вие сте тука:   Дома Блог Разно Како да го поведете вашето куче на одмор

Како да го поведете вашето куче на одмор

Печати
КучеКога заминувате на одмор на подолги периоди, сигурно не сакате да го оставите кучето дома. Понекогаш, не ни можете да го оставите, затоа што нема кој да го чува. Затоа, еве неколку совети како да го поведете со вас.

Кога заминувате на одмор на подолги периоди, сигурно не сакате да го оставите кучето дома. Понекогаш, не ни можете да го оставите, затоа што нема кој да го чува. Затоа, еве неколку совети како да го поведете со вас.

КучеПрво, за да патувате со куче, потребно ви е добро планирање. Планот треба да го скроите според превозното средство кое го користите. Доколку одите со авион, вашето куче ќе мора да се вози во товарниот дел, каде што е многу бучно и доста студено, а тоа може да доведе до лоша реакција на миленичето. Токму затоа авиокомпаниите најчесто не дозволуваат пренос на животни во зима, зашто тие нема да можат да го издржат студот. Најдобрата алтернатива за патување ви е со автомобил, зашто така ќе можете да застанете онолку пати колку што ви е потребно, а кучето ќе може почесто да се размрдува. Ако одите со автобус, добро обезбедете го во кафезот за транспорт и намалете му ја количината на храна и вода, затоа што ќе биде помалку физички активно.

При престојот во сместувачкиот капацитет, треба да се информирате дали таму е дозволен престој со миленици и дали истите е дозволено сами да останат во собите. Доколку не, најчесто тие сместувачки нудат услуги на професионални ситери кои ги чуваат кучињата додека вие се шетате и не можете да ги поведете со себе.

И на крај, доколку вашето куче има навика да се качува по мебелот, можеби ќе биде добра идеја да си понесете чаршафи со кои ќе ги покриете парчињата што не би сакале миленикот да ги оштети. Потоа ви останува уште само добро да се одморите, заедно со вашето куче.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Overcast
Humidity: 74%
Tue
Cloudy
9 | 27
-12 | -2
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 21 гости присутни