Вие сте тука:   Дома Блог Разно Како да се справите со мачнината при патување

Како да се справите со мачнината при патување

Печати
macninaБолеста на движење има многу називи: кинетоза, морска болест, авионска мачнина, автомобилска мачнина, синдром на лоша адаптација итн. Сѐ започнува со нелагоднаста во горниот дел од стомакот, а после тоа следат мачнина и повраќање.
Motion-Sickness-in-the-CarБолеста на движење има многу називи: кинетоза, морска болест, авионска мачнина, автомобилска мачнина, синдром на лоша адаптација итн. Сѐ започнува со нелагоднаста во горниот дел од стомакот, а после тоа следат мачнина и повраќање.

Бојата на кожата бледнее, доаѓа до зголемено потење и вртоглавица. Зголеменото лачење на плунката го означува влошувањето на ситуацијата, како и брановите топлина во телото, главата е лесна, а неретко доаѓа и до депресија и тешка апатија.

Болеста на движење е предизвикана од неусогласеноста помеѓу очите и внатрешното уво. Внатрешното уво му вели на мозокот дека телото се движи, но очите кажуваат дека телото е неподвижно. Овој конфликт води кон повеќето симптоми на мачнината при патување. Не постои вистински лек за овој проблем, но постојат начини како да се направи помалку непријатен. Затоа мачнината спречете ја пред да настапи со едноставни мерки - прво добро одморете се, но важно е и добро да се најадете, верувале или не (важно е да не конзумирате премногу блага храна и таа да има помала количина киселини - како на пример млеко, крофни и банани); тоа не значи дека треба да земате преголеми количини храна - јадете помали оброци, пијте многу вода и избегнувајте алкохол.

Седењето понапред во автомобилот (или автобусот) и држењето на погледот кон напред исто така може да помогне во превенција на мачнината. Освен тоа, не би било лошо да ја намалите и активноста на очите. Тоа значи избегнување на читање и гледање во предмети кои се движат. Доколку често добивате мачнина кога патувате, секогаш носете најлонски ќеси. Еден од поефикасните лекови за мачнината е свежиот воздух. Со едноставно отворање на прозорецот можете да го „избркате“ чувството на мачнина.

Ако веќе ве зафатила мачнина, обидете се да ја лечите со природни додатоци како што се ѓумбирот и витаминот Б6. Ѓумбирот можете да го конзумирате самостојно или во комбинација со колачи, кекси и слична храна. Ѓумбирот е познат по своите здрави својства меѓу кои се истакнува тоа дека ја намалува мачнината. Храната со ѓумбир помага во апсорпција на желудочните киселини.

Обидете се со стегач за областа над зглобовите на раката (тениски стегач). Стегачот прави притисок на акупунктурните точки над зглобовите од внатрешната страна и со тоа ја ублажува мачнината. Во крајна рака, ако ништо друго не помага побарајте помош во хемијата. Земете лекови против мачнина како што се антихистамиците. Важно е да ги земете пред да настапи мачнината, обично два часа пред да патувате. Консултирајте се со лекар пред земањето на такви лекови.

Во случајот со мачнината при патувањето важи она „подобро да се спречи отколку да се лечи“. Обидете се да ја спречите појавата на мачнина по секоја цена.

Бидете подготвени! Не дозволувајте мачнината при патување да го расипе вашиот одмор.

Секогаш информирајте го возачот кога ќе се почувствувате лошо.

Дишете свеж воздух.

Миризбите само ја влошуваат состојбата. Никако немојте да повраќате во автомобилот/автобусот.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 20 гости присутни