Вие сте тука:   Дома Блог Разно Лекови кои треба да ги понесете кога патувате

Лекови кои треба да ги понесете кога патувате

Печати
how-to-build-first-aid-kitНа патувањата често се случуваат непредвидливи ситуации па затоа кога тргнувате на летување, покрај другите работи, во куферот би требало да се најде и прирачна аптека.
hc_healthy_travel_emergency_must_haves_articleНа патувањата често се случуваат непредвидливи ситуации па затоа кога тргнувате на летување, покрај другите работи, во куферот би требало да се најде и прирачна аптека.

На патувањето најважно е да понесете лекови кои ги користите секојдневно, доколку боледувате од некоја хронична болест. Освен нив, обезбедете и препарати и материјал за прва помош при повреди, како и лекови кои ќе ви помогнат во случај на болки, стомачни проблеми, настинки или изгореници од сонце.

Кога ќе стигнете на одреденото место, лековите би требало да ги чувате на темно и ладно место, што подалеку од сонцето. Ако не сте сигурни што сè треба да содржи вашата мала аптека за патување, побарајте совет од аптекарот. При купувањето важно е да се напомене дали лековите ги купувате за деца или бремени жени, дали сте алергични на некои лекови или веќе земате одредена терапија. Ако сте се упатиле во странство, најважните лекови и препарати посекако земете ги со себе, за да не ви се случи да мора да ги купувате оние кои не ви се познати, а упатството на некој странски јазик. Ако за време на патувањето сте склони кон мачнина и повраќање, немојте да пиете алкохол ниту да јадете тешка храна, а половина час пред тргнување испијте таблети или капки против мачнина.

Наместо лекови добро ќе ви дојде и чај од ѓумбир. Промената на околината и начинот на исхрана често предизвикува стомачни тегоби, заради што би требало секогаш при рака да имате пробиотички препарати кои ја регулираат цревната флора. Во торбичката со лекови би требало да се најдат и лекови против запек, таблети против дијареа, како и прав за рехидратација, кој ќе го растворите во вода со што би ги надокнадиле електролитите изгубени при пролив и повраќање. Ако добиете пролив, покрај лековите, ќе ви помогне и рендано јаболко или мешавина од индиски чај и чај од нане. Наместо таблети, обидете се против запекот да се изборите така што ќе пиете што е можно повеќе течности и ќе јадете храна богата со растителни влакна. Работата на цревата ја потикнуваат и смоквите и сливите.

Понесете и гранули медицински јаглен, кој ќе ви помогне во случај на труење со храна. Ако ве мачат болки во желудникот, тегобите ќе ги олесни топол чај од нане или камилица, па добро е секогаш да ви биде при рака.

Неопходни ви се и лекови против болки, висока температура и воспаленија. Тие можат да бидат на база на парацетамол, ацетилсалицилна киселина или ибупрофен. Во случај на убод од инсекти може да дојде до чашање, црвенило, па дури и до алергиска реакција. Ќе ви помогне дваиполпроцентна хидрокортизонска маст, која треба да ја нанесете на местото на убодот. Наједноставниот природен лек е ладната вода: пуштете ја да тече преку болното место или превијте го со ладни облоги. Во случај на потешки алергии потребно е да се пијат и антихистаминици - таблети против алергија. Смирувачки ќе делуваат и таблети калциум со витамин Ц.

Би требало да спакувате и неколку завои, стерилна газа, еластичен завој, фластер, ханзапласт и антибактериски спреј или маст, како и крема против изгореници. Понесете и хартиени и влажни марамчиња, пинцета, ножички и топломер. Исекотините, раните и изгорениците пред превивање посекако треба да се дезинфицираат со алкохол и трипроцентен хидроген.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 20 гости присутни