Вие сте тука:   Дома Блог Разно Речник на авио-превозот

Речник на авио-превозот

Печати
aerodromВо авио-превозот често се користат странски називи и необични скратеници. Овде ќе се обидеме да дадеме објаснување за најчесто користените поими со кои патниците вообичаено се среќаваат на аеродромите и некои други поими типични за овој вид на превоз.
BUD_atti_lh_budferihegyintlairportterminal2b_xo8rp6nzftВо авио-превозот често се користат странски називи и необични скратеници. Овде ќе се обидеме да дадеме објаснување за најчесто користените поими со кои патниците вообичаено се среќаваат на аеродромите и некои други поими типични за овој вид на превоз.


На аеродром и сместување во авионот


Check in - процедура која се однесува на предавање на багажот на шалтерот на авио-превозникот, покажување на картата на увид и добивање boarding pass.

Boarding pass/Card - пропусница на која се наоѓаат податоци за бројот на седиштето на патникот, класата во која патува и местото на кое ќе се качи во авионот. Патникот ја покажува при влегување на авионот.

Gate - местото каде е паркиран авионот. На boarding pass-от го пишува бројот на преминот каде патникот ќе влезе во авионот. Патникот е обврзан да се појави најдоцна 30 минути пред полетување на авионот за да се смести во авионот и да се изврши последната проверка на рачниот багаж.

AP Tax - аеродромска такса; се плаќа при купувањето на картата или на самиот аеродром.

Overbooking - терминот ни кажува дека е пречекорена потполнетоста на авионот и дека бројот на резервации е поголем од бројот на местата кои се на располагање во авионот.

Waiting list - доколку авионот е полн, за време на купувањето на картата патникот може да биде ставен на листа на чекање, а со тој лет може да патува само доколку некој од патниците се откаже од патувањето.

Transit - преоѓање од еден авион во друг (преместување). Најчесто се случува кога патникот го менува летот за време на долги патувања. Тогаш може да го користи транзитниот дел на аеродромот, каде се наоѓаат ресторани, кафеа и дјути-фри шопови наменети за патниците во транзитот.


Термини поврзани со багажот


Luggage - багаж воопшто; се однесува на багажот кој се предава за време на чекирањето на картата или на багажот што се носи во авионот.

Hand luggage - багаж што се внесува во авионот. Треба да се води сметка за неговата тежина и големина, а посебно на она што тој содржи. Во авион е строго забрането да се внесуваат запаливи материи, течности и хемикалии, како и остри предмети (турпија за нокти, ножички...).

Oversize luggage - спаѓа во категоријата багаж што се внесува во авионот, но неговата големина е поголема од пропишаното. Се предава на посадата на авионот за време на качувањето, а се презема после слетувањето или на шалтерите кои се одредени за тоа и обележани со натписот Oversize luggage. Овде треба посебно да се спомени детската количка, која, условно кажано, спаѓа во рачен багаж. Имено, малите деца можат да се однесат со количка до самиот влез на авионот, после што родителите со мали деца полесно влегуваат во авионот и излегуваат од него.

Overweight - прекумерна тежина на багажот, која се евидентира за време на чекирањето на картата. Секој килограм над дозволената тежина на багажот мора да се плати. Најчесто дозволена тежина на багажот е 20 килограми по патник.


Класи во авионот и квалитетот на услугата

First Class - прва класа, најквалитетна услуга. Патниците на оваа класа се сместени во предниот дел од авионот, имаат поудобни седишта и подобра услуга во авионот. Исто така, на аеродромите најчесто постои посебна просторија за патниците од прва класа.

Business Class - после првата класа, следна по квалитет. Нивото на услуга и квалитет е на ниво на првата класа. Бизнис класата е наменета за деловните патници кои често патуваат со авион заради работата.

Economy Class - економска класа, која воедно е и најчесто користена. Квалитетот на услугата се разликува од компанија до компанија. Цената на картата во оваа класа е најниска, а ја користат најголемиот број на патници.

AddThis

popusti_1

Следете нè


rezervacija_aviobileti

Време

21°
-6°
°F | °C
Light snow
Humidity: 74%
Wed
Partly Sunny
9 | 25
-12 | -3
Thu
Partly Sunny
14 | 25
-10 | -3
Fri
Chance of Snow
23 | 27
-5 | -2
Sat
Chance of Snow
27 | 36
-2 | 2

Конвертор

Сума   во    

gv online 300x100

 

Партнери

 

Има 19 гости присутни