
Во светот полн со туристи домаќините се склони да ги етикетираат своите гости според земјата од која доаѓаат, па така општопoзнато е дека Јапонците се прочуени како најблагодарни, Германците како најштедливи, а Французите како наjпребирливи. Затоа не е на одмет да се знаат основните правила на однесување и навиките на земјите во кои одите како турист, за да оставите добар впечаток или барем да ги избегнете можните непријатности.

Во светот полн со туристи домаќините се склони да ги етикетираат своите гости според земјата од која доаѓаат, па така општопoзнато е дека Јапонците се прочуени како најблагодарни, Германците како најштедливи, а Французите како наjпребирливи. Затоа не е на одмет да се знаат основните правила на однесување и навиките на земјите во кои одите како турист, за да оставите добар впечаток или барем да ги избегнете можните непријатности.
МексикоНе напуштајте ја масата во истиот момент кога ќе завршите со јадење. Претераното опивање не е најпожелно во оваа земја, особено ако е во прашање жена. Секогаш држете ги двете раце на масата и навикнете се луѓето да бидат блиску до вас. Во ред е да задоцните на општествените случувања. Всушност, корисно е да задоцните за да не ги чекате со часови другите поканети.
РусијаДоколку ве поканат на вечера, не правете планови за подоцна, бидејќи од вас се очекува да останете и да се дружите. Учењето руски јазик е најдобар начин да стекнете пријатели и да оставите добар впечаток. Барем потрудете се. Во тој случај можете да очекувате срдечни поздрави, прегрнување, тапкање по рамо и други знаци на пријателство. Не ракувајте се над прагот, Русите веруваат дека тоа доведува до кавги.
ГерманијаКористете нож и вилушка додека јадете сендвич, овошје, како и друга храна. Домаќинот на трпезата ќе ви посака „guten appetit“, што е воедно и знак дека можете да почнете со јадење. Претставувајте се исклучиво преку презиме и никогаш не ја спомнувајте титулата. Ако постара или повисоко рангирана личност влегува во собата, пристојно е да се стане. Не претерувајте со комплиментите за да не им биде непријатно на вашите домаќини. Не заборавајте дека Гермаците се поформални и поточни од остатокот на светот, па барем обидете се да се вклопите.
АвстријаКнедлите никогаш не сечете ги со нож, користете исклучиво вилушка. Со домаќините не разговарајте за работата, освен ако тие не почнат разговор за тоа. Во оваа земја важи правилото ручекот да го плати оној кој ќе повика на ручек или вечера и не е пристојно да се препирате околу тоа. Пред приватна или службена средба ракувајте се со сите, мажите, жените и децата, а не заборавајте ни на тоа дека Австријците инсистираат на точност.
КинаВо текот на оброкот можете слободно да подждригнете или да ја сркате супата, но нарачувањето слабо печено говедско се смета за врв на вараваризмот. На чинијата треба да е остави малку храна, што ќе значи дека искажувате благодарност на домаќините за нивната дарежливост. Бидете подготвени да одржите мала здравица во секоја прилика и во секој момент. Ако Кинез ве почести со аплауз, возвратете му, но никако немојте да пукате со прстите или да свиркате, бидејќи тоа се смета за многу непристојно. Посебна почит покажете спрема постарите и никогаш немојте да покажувате на нешто со прст.
ШпанијаНа трпезата не барајте посебна чинија за леб бидејќи е вообичаено лебот да ви стои на масата. Шпанците не сакаат да фрлаат храна, па на чинијата ставете само толку храна колку што можете да изедете. Бидете трпеливи, очекувајте да ви упаѓаат во збор. Во Јужна Шпанија вообичаено е да задоцните на состанок и до половина час, додека на север на земјата вообичаено е задоцнување до 15 минути. Сепак, не се толерира доцнење на борбите со бикови. Напојници оставајте на сите и за сè.
ИталијаНе ги намотувајте шпагетите на вилушката, правете го тоа на работ на чинијата. Подждригнувањето се смета за крајно вулгарно. Додека јадете, двете раце држете ги над масата, но немојте да се потпирате со лактите. Италијанците се многу шик, па пристојно е да се облекувате елегентно и по малку конзервативно. Не прозевајте се и пробајте да не ги собувате чевлите во јавност. Италијанците се великодушни, па ќе ви простат за многу пропусти, освен за ароганцијата и грубости.
Велика БританијаЗа време на ручек или вечера пристојно е да оставите малку храна во чинијата и да ги напуштите домаќините набрзо после оброкот. Пред да навалите на храната, почекајте домаќинот прв да почне да јаде. Ракувајте се полека, а не цврсто, немојте да навалувате, да бидете упорни и да упаѓате во збор. Секогаш придржете и ја вратата на личноста зад вас.
САДНа вечера никогаш немојте да пристигнете порано. Ако ви понудат уште храна, слободно земете колку сакате, бидејќи Американците сакаат луѓе кои добро јадат. „Ќе се видиме...“ е само фраза и нема никакво значење, баш како и „Како сте?“. Насмевнувајте се - Американците сакаат да се насмевнуваат и кога некој им се насмевнува. Обидете се да ги избегнете моментите на тишина во разговорот, бидејќи на вашите домаќини ќе им биде непријатно.
ФранцијаНикогаш не јадете цела овошка, туку излупете ја и исечете ја. Меѓутоа, немојте да го сечете крцкавиот багет, кинете го со раце. Пред јадење не се нарачува мартини ниту виски, бидејќи Французите веруваат дека тоа ги умртвува непцата. Луѓето во оваа земја ја ценат својата приватност, затоа немојте да бидете нападни, а на улица немојте да користите чешел,
чепкалка за заби, па дури ни гума за џвакање. Непристојно се смета и чешкањето и прозевањето, а не се склони ниту кон кажувањето вицеви и правењето шеги.